05 Декември, 2025
0.2270

Наместо социјална помош, земјоделско земјиште за најсиромашните

Објавено во: Агробизнис 09 Мај, 2013 20:33

Добивај вести на Viber

Наскоро ќе биде објавен трет оглас за доделување државно земјоделско земјиште за социјално загрозените лица, најавија денеска министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика Љупчо Димовски и Спиро Ристовски.

Според најавите, овој повик ќе се однесува на 731,6 хектари во 21 општина, а површината за која може да се достави понуда е максимум 4 хектари во систем за наводнување или најмногу 8 хектари надвор од систем за наводнување.

„Зависно од планираниот начин на користење, на плодоуживање се дава земјоделското земјиште за одгледување житни, фуражни и индустриски култури за поединец до 4 хектари во систем за наводнување и за здружени двајца плодоуживатели до 8 хектари во систем за наводнување, како и за одгледување градинарски култури, за поединец максимум 0,6 хектари во систем за наводнување и за здружени двајца плодоуживатели до 1,2 хектари во систем за наводнување“,посочи министерот Димовски, кој додаде и дека со лицата избрани за најповолни понудувачи Министерството ќе склучи договор на 5 години, а тие нема да плаќаат закупнина туку ќе добијат еднократна парична помош за почнување земјоделската дејност.

За корисниците кои ќе одгледуваат житни, фурнажни и индустриски се обезбедени 20 илјади денари по хектар, но не повеќе од 120 илјади денари,  а за корисниците кои ќе одгледуваат градинарски култури во износ од 55 илјади денари по хектар.

„Гарантираме дека ако евентуално не успее со земјоделската дејност, по две години повторно ќе продолжи да зема социјална помош“, уверуваше и министерот Ристовски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?