07 Октомври, 2024
0.0333

НАМЕСТО СОЦИЈАЛНА ПОМОШ: Парите на печалбарите спас за македонската сиромаштија!

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Парите што иселениците ги праќаат на своите семејства влијаат врз намалување на сиромаштијата повеќе отколку државната социјална помош- ова го покажува истражувањето на Асоцијацијата за економско истражување,застапување и донесување економски политики “Finance Think”. Резултатите од проектот „ Миграцијата како социјална заштита: Анализа на Македонски, Албански и Српски семејства што примаат дознаки“, покажуваат дека примените дознаки од странство служат како неформална социјална заштита за семејствата што ги примаат. Од Асоцијацијата велат дека целта на проектот е да се испита дали примените дознаки од странство имаат заштитна улога за социјално ранливите семејства, односно, дали истите им пружаат неформална социјална заштита. За таа цел во истражувањето е конструиран индекс на социјална ранливост составен индикаторите, сиромаштија, невработеност на двајца сопружници со најмалку едно дете, самохран родител, лошо здравје, потхранетост, недостиг на облека, лоши услови на домување и недостиг на средства за одмор и рекреација. Анализите покажале дека една третина (30.9%) од испитаниците се соочуваат со еден индикатор на ранливост, скоро исто толку (37.6%) од испитаниците пријавиле дека не се соочуваат со ниту еден од наведените индикатори на ранливост, а само 2.3% од сите испитаници пријавиле дека се соочуваат со 5 или повеќе од наведените индикатори на ранливост. Истражувањето покажало дека врз степенот на ранливост влијаат националната припадност на семејството, степенот на образование на главата на семејството, големината на семејството и бројот на издржувани членови. Во Македонија, Македонците се помалку ранливи во однос на Албанците, големината и бројот на издржувани членови во семејството влијаат правопропорционално врз степенот на ранливост, додека лицата со повисоко образование е помалку веројатно да западнат во социјална ранливост. -Главниот наод од ова истражување е дека примените дознаки навистина служат како неформална социјална заштита за семејствата што ги примаат, бидејќи примателите на дознаки имаат 6% поголема веројатност да пријават нулта-ранливост (не се соочуваат со ниту еден од индикаторите на ранливост). Овој резултат е главно воден од влијанието на дознаките врз сиромаштијата, бидејќи семејствата што примаат дознаки имаат 27% помала веројатност да станат сиромашни во споредба со семејствата што не примаат дознаки. Секој дополнителен процент на примени дознаки ја намалува веројатноста да се падне во сиромаштија за 3.4%, вели Благица Петрески, главен Економист и извршен директор на Асоцијација за економско истражување, застапување и донесување економски политики “Finance Think”. Дознаките се значаен извор на приход за потрошувачката на сиромашните домаќинства,при што сиромашните семејства дури 91 проценти од својата потрошувачка ја финансираат со примените дознаки од странство. Семејствата што примаат дознаки, во просек добиваат по 2.500 евра годишно,а половина од примателите парите од странство ги добиваат лично на рака. Истражувањето покажало дека руралните  домаќинства  примаат  повеќе  дознаки,  додека нивната потрошувачка  е помала, за разлика од урбаните домаќинства. Македонските  домаќинства  добиваат  незначително  помалку  дознаки  од албанските домаќинства. -Социјалната стабилност на семејствата кои примаат дознаки е подобра отколку на тие што не примаат.Семејствата што примаат дознаки имаат пониски стапка на сиромаштија и ризик од сиромаштија,поздрави се, подобро облечени,подобро нахранети и со повисоко обрзование.Но,имаат полоши слободни и рекреативни активности, се посочува во истражувањето. Но,постои  голема  разлика  помеѓу  сиромашните  и  несиромашните домаќинства. Според податоците 80.5% од емиграциите се поради економски причини, 15% поради семјни обврски и брак, 4% поради образование и помалку од 1% од политички и други причини.Податоците од НБРМ покажуваат дека лани дознаките од странство врз основа на лични трансфери изнесувале околу 270 милиони долари или 2.2% од БДП, а приливите по основ на останати трансфери биле над 1 милјарда и 852 милиони долари или околу 15% од БДП. Дознаките во земјите од регионот учествуваат од 3.7% до 6% во БДП. Македонија е на дното од скалата, со 3.7% во однос на БДП, а на врвот се Босна и Херцеговина и Косово со учество на дознаките во БДП од 10.8% и 15.9%. Сепак,  треба да се има во предвид дека овие податоци се врз основа на   официјано регистрираните дознаки, а не и дознаки примени преку неофицијални канали. Во светски рамки  приливите на дознаки во 2011 година во светот изнесуваат 464 милијарди долари, од кои 124 милијарди долари се приливи во Кина и Индија.Најголеми земји приматели на дознаки, се Кина, Индија, Мексико,Филипини и Нигерија.Во топ 10-те земји со најголем одлив на дознаки од каде што печалбарите праќаат најмногу пари во своите матични земји се САД, Швајцарија, Саудиска Арабија, Русија, Германија, Италија, Шпанија, Кувајт. Државната социјалната помош ја намалува сиромаштијата само за 2,5 процентни поени Дознаките од странство се важен фактор за намалување на сиромаштијата на социјално загрозените семејства. Истражувањата покажуваат дека пензиите намалуваат 14 процентни поени од сиромаштијата, додека социјалната помош само 2,5 проценти поени, а секој дополнителен процент на примени дознаки од странство ја намалува веројатноста да се падне во сиромаштија за 3.4%.Економистите велат дека висината на социјалната помош е премногу ниска поради што и стапката на сиромаштија е висока. Укажуваат дека се потребни радикални промени. -Социјалната помош е ниска и второ е многу лошо таргетирана, односно системот на социјална заштита не е насочен на оние на кои најмногу им треба. Значи треба драстично да се зголеми социјалната помош што ја земаат домаќинствата преку воведување на т.н политика на минимален приход за семесјтво. Тоа значи дека секое семејство ќе треба да прима одреден доход и доколку семејството заработува некој приход што е понизок од минималниот, тогаш државата ќе му ја доплаќа разликата меѓу загарантираното ниво и нивото на приход што семејството го остварува. Значи семејство од еден член треба да добива 6.000 денари месечно, семејство од два члена околу 8.500, од три члена околу 10.500 денари месечно, а семејство од 4 члена треба да добива околу 12.000 денари загарантиран приход. Ако, на пример, тој член најде работа со плата од 8.000 денари, државата ќе треба да му доплаќа 4.000 денари месечно, вели економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ. Податоците од истражувањата на Светстка банка покажуваат дека во земјава околу 180 илјади луѓе живеат со помалку од 40 денари на ден. Последните статистички податоци покажуваат дека сиромаштијата во 2013-та година се намалила за 2 процентни поени. Според т.н Лаекен индикатор на Државниот завод за статистика, во 2013-та година стапката на сиромаштија изнесувала 24,2 проценти, а во 2012-та била 26,2 проценти, но и натаму податоците покажуваат дека една четвртина од населението во земјава живее во сиромаштија. Т.С

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип