НАМЕСТО ВО ИЗОЛАЦИЈА СЕ ШЕТАЛА ВО ОХРИД: ОЈО предлага казна од 3.000 евра
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Март, 2020
Македонка од Швајцарија наместо во изолација се прошетала низ Охрид, a ОЈО предлага казна од 3.000 евра.
Основното јавно обвинителство Охрид постапувајќи по поднесената кривична пријава денеска до Основниот суд во Охрид доставиле предлог за издавање на казнен налог за македонска државјанка со живеалиште во Швајцарија. Жената сторила кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ предвидено и казниво.
Претходно, и други граѓани за истото добија кривични пријави.