20 Декември, 2025
0.0493

ПОЛИТИКАТА ВМЕША ПРСТИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО: Наместо во училишни клупи, учениците на протест

Објавено во: Македонија 20 Март, 2017 13:21

Добивај вести на Viber

„Кога политиката влегува низ врата-образованието бега преку прозорец“- оваа мисла моментално ја осликува ситуацијата во земјава.

Учениците наместо да се подготвуваат за последните месеци од школската година, тие излегуваат на протести.

Средношкоците од Охрид и Битола денеска најгласни.

Ги напуштија училишните клупи и понесени од „политиката во себе“ отидоа на градските плоштади да ја „бранат унитарноста на државата“, а против двојазичност и федерализација.

Родителите рагираат, а последните случувања го откриваат вистинското грдо лице на образовниот систем во државата.

Штетите кои преку агитацијата врз учениците да излезат на протестите за Заедничка Македонија им се нанесуваат на учениците и на самото училиште загрижени родители  велат дека допрва ќе се воочат.

Реагира и народниот правобранител

„Агитацијата и инволвирањето на деца за политички цели се спротивни на Законот за средното образование со кој е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување и надвор од целите на образованието – училиштата да бидат места каде ќе се врши основната дејност воспитно-образовниот процес“ реагираше Народниот правобранител.

„Истовремено најостро ги осудува настапите на раководни лица во училиштата поради што ги повикува училишните одбори, градоначалниците, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука веднаш и без одлагање, секој во рамките на своите надлежности да преземе соодветни мерки спрема лицата кои агитираат или дозволуваат во училиштата да се врши агитација и обиди за политичко инволвирање на учениците“, оценија од Канцеларијата на Народниот правобранител од каде најавија дека отвораат постапка за одговорност на прилепскиот директор во гимнзијата.

ФОТО: Охридњус

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки