25 Април, 2024
0.3542

НАМЕСТО ЗА ДВА, ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ ЌЕ МОРА ДА ИМ ПЛАЌААТ НА ФИРМИТЕ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ – еве ги и другите детали од измените на Законот за финансиска дисциплина

Објавено во: Финансии 16 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Роковите во кои институциите ќе им плаќаат на компаниите за договорена и завршена работа ќе се намалуваат, предвидуваат измените на Законот за финансиска дисциплина. Како што е посочено во самиот закон испратен во Собрание, измените се усогласени со директивите на ЕУ за сузбивање на задоцнето плаќање при трговски трансакции.

Согласно Законот, во деловните трансакции меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор, кога субјектот од јавниот сектор односно од здравствениот сектор се јавува како должник, не може да се договори рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена односно 90 дена. Започнувајќи од јануари 2023 се предлага постепено намалување рокот за намирување на паричните обврски на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Министерството за финансии од 60 дена на 30 дена и за субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 90 дена на 60 дена. Усогласувањето на роковите позитивно ќе влијае на ликвидноста на економските оператори од приватниот сектор заради скратување на роковите за наплатување на нивните побарувања - се наведува во Законот.

Основната цел на Предлогот на Законот е усогласување со роковите утврдени во Директива 2011/7/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 16 февруари 2011 година за сузбивање на задоцнето плаќање при трговски трансакции.

Со Предлогот на Законот:

- се уредува постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Министерството за финансии од 60 дена на 30 дена;

- се уредува постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 90 дена на 60 дена и

- се уредува постепено намалување на рокот на исплата на средствата по доставената фактура од страна на Министерството за финансии, односно  Фондот за здравствено осигурување на Македонија, на сметката на економскиот оператор од приватниот сектор од 30 на 15 дена, односно од 45 на 30 дена од денот на поднесување на барањето за плаќање поднесено во Трезорот на Министерството за финансии односно Трезорот на Фондот за здравствено осигурување.

Како што објаснија од МФ предлог измените на Законот предвидува рокот за исплати на обврските на државата кон прватниот сектор да се сведе на 30 дена од 2025 година.

-  Со предлогот се предвидвуа постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што од 60 дена колку што изнесува сега од 1 јануари 2023 година тој рок се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 ќе се намали дополнителни 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година ќе биде 30 дена.Се скратува рокот и за плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 90 на 60 дена. Односно со предложените измени се предлага  од јануари 2023 година рокот за намирување на паричните обврски на овие субјекти да изнесува 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година да изнесува 60 дена – појаснуваа од МФ.

Дополнително со законот е нагласено дека доколку не се исполни паричната обврска во роковите утврдени во Законот, на субјектот од јавниот сектор кој го направил прекршокот, ќе му се изрече глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност, а на одговорното лице на тој субјект ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противвредност.

Утврдените рокови ќе се започнат да се применуваат од 1 јануари 2025 година, а во меѓувреме уредена е динамиката со која субјектите од јавниот сектор се должни да се усогласат со рокот за исполнување на паричните обврски.

Со предложените одредби се предлага намалувањето на роковите за намирување на паричните обврски да се врши постепено и тоа во периодот од 1 јануари 2023 година до 31 декември 2023 година рокот за намирување на паричните обврски не може да биде подолг од 50 дена, а во периодот од 1 јануари 2024 до 31 декември 2024 година не може да биде подолг од 40 дена.

Усогласување со рокот од страна на Фондот за здравствено осигурување и корисниците на средствата од Фондот во периодот од 1 јануари 2023 година до 31 декември 2023 година рокот за намирување на паричните обврски за овие субјекти не може да биде подолг од 80 дена, а во периодот од 1 јануари 2024 до 31 декември 2024 година не може да биде подолг од 70 дена.

Петранка Огнаноска

Фото: Фактор

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка