24 Јануари, 2025
0.0265

Наместо заедничка Македонија, тензиите се зовриваат: Кој ја втурнува земјава во немири?

Објавено во: Македонија 01 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Вториот ден од маршот на новата „Иницијатива за заедничка Македонија“ заврши крваво. На крајот од протестот, во близина на Порта Македонија, беа брутално претепани снимателот, Владимир Желчески, и новинарот, Александар Тодевски, од порталот А1он. Со возило на Брза помош тие беа префрлени во Ургентниот центар, каде ќе останат и натаму под медицински надзор.

Сликите на насилниците беа овековечени од други колеги фоторепортери ко биле сведоци на инцидентот. МВР веднаш почна потрага по тепачите и многу брзо беше пронајдено едно од осомничените лица.

ЗНМ: Груевски е инспиратор на нападот на новинарите

Нападот врз новинарската екипа ја осудија политичките партии, Самостојниот синдикат на новинарите, а најдиректен беше претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани, кој како виновник за крвавиот инцидент го посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Главен инспиратор на денешниот напад против колегите Тодевски и Желчески го сметаме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Го повикав да ги собере неговите насилници од улиците и да им нареди повеќе да не им текне да напаѓаат новинари. Ги предупредив дека правдата, кога тогаш, него и неговите пајташи ќе ги стигне“, изјави Насер Селмани.

Претседателот на ЗНМ, денеска ќе има средба со министерот за внатрешни работи, а во текот на денот се планирани протести на новинарите пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Осуда дојде и од СДСМ.

„Бараме од Никола Груевски и од криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престанат, за спас на сопствената кожа, да провоцираат и поттикнуваат нецивилизирано дивеење кое што вечерва кулминира со тешки телесни повреди на медиумски работници.Повиците за линчови, говорот на омраза, нарачаните инциденти во кои има каменувања и кршење објекти, обидите за вознемирувања на семејства во домови мора веднаш да запрат”, се вели во соопштението.

И партијата на Груевски го осуди инцидентот.

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува овој немил настан, исто како што претходно го осуди нападот на новинарската екипа на МРТ на митинг на СДСМ, нападите врз новинарите Антонио Димитриевски, Јанко Илковски, Дејан Николовски, Ивона Талевска, заканите по живот за новинарите на порталот Курир, демолирањето на РСМ и слични инциденти кои ги предизвикуваа членови, активисти и симпатизери на СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ бара надлежните институции да го разрешат случајот и да ги санкционираат поединците кои го предизвикале овој инцидент”, напишаат восоопштението.

Непартиски протести на партиски членови

Протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, почнаа вчера, еден ден по фејсбук статусот и интервјуто на Телевизија Сител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во кој порача дека државата е нападната и само народот може да ја одбрани.

„Кога државата е нападната, само народот може да ја одбрани. Не можат само политичарите, особено кога еден дел од нив се борат за заштита, а друг дел се на спротивната страна. Оваа шанса народот ја имаше на изборите. Во кампањата говорев секој ден за тоа. Погледнете ги моите обраќања во Штип, Велес, Скопје. Дел добро ме разбраа. Некои не веруваа, мислеа дека со тоа само сакаме да добиеме гласови, а СДСМ да ги загуби. Денес сè помалку има такви, но главниот воз е пропуштен. Сега е последниот воз. Сега е тоа време“, напиша Груевски на Фејсбук.

На маршот учествуваат членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и директори на државни институции. Организатори се директорот на Македонската опера и балет Игор Дурловски, режисерот Борис Дамовски и пијанистката и амбасадор на културата во Австрија Елена Мисиркова Лоза. Еден од првотимците е и Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит на социјалните мрежи, за кого одамна се зборува дека е во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Според организаторите, овие маршеви се организираат за, како што велат, одбрана на унитарна и заедничка Македонија, а против владина коалиција на СДСМ и ДУИ, како и за неприфаќање на албанската платформа. Освен во Скопје, вчера маршеви имаше и во Куманово, Прилеп, Штип и Кичево.

J.M.

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато