20 Април, 2024
0.0594

Нано Ружин: САД испрати експерти за антикорупција во Скопје затоа што македонските авторитети се неефикасни

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Универзитетскиот професор Нано Ружин вели дека американскиот тим кој пристигна во Скопје за да ја истражува корупцијата во Македонија е дојден најмногу поради тоа што, како што вели, македонските авторитети се со ограничен капацитет и неефикасни на ова поле.

- Ваквиот потег следува по анализата на американската администрација за Западен Балкан во која се забележани големи отстапувања од владеењето на правото. Овие проценки се дополнуваат со оние на ЕУ и НАТО. Со таа цел, американската дипломатија на своите земји-сојузници од овој регион настојува да им помогне, затоа што се смета дека македонските авторитети немаат ефикасност и капацитет, вели поранешниот дипломат за „Фактор“.

Веста за пристигнувањето на американскиот тим ја објави амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер. Таа по нејзиното назначување за нова амбасадорка на САД во Македонија, јасно кажа дека нејзиниот фокус во земјава ќе биде борбата против корупцијата. Слично нешто најави и заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Ружин додава дека САД нема да ги наметнува присилно решенијата за Македонија, туку преку обуки и совети.

- Овие тимови ќе обучуваат кадри од сите области, без директно мешање. Тоа се експерти кои знаат како се искоренува корупцијата од менталитетот и институциите. Таргетирана ќе биде најмногу администрацијата - каде што има од издавање на дозволи, јавни набавки до поклопувања на надлежности. Тие ќе настојуваат да се наметне еден системски пристап, бидејќи кај нас самата корупција е системска, вели тој.

Ружин очекува со тимот на САД да се работи најмногу во областите здравство, образование и полиција.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам