24 Ноември, 2024
0.0322

НАНО РУЖИН ЗА ФАКТОР: Француската дипломатија се освести дека Макрон можеби згрешил пред две години, придонесе и обединувањето со САД околу Западен Балкан

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Откако во октомври 2019 година стави своевидно вето на проширувањето на ЕУ, францускиот претседател Емануел Макрон вчера, по средбната со премиерот Зоран Заев, даде голема поддршка за македонските евроинтегративни процеси.

Тој синоќа во Париз изјави дека е време Македонија да ги почне преговорите со Европската унија, додавајќи дека земјата придонесува за стабилноста на Западен Балкан. Ова го нагласи во заедничката изјава со премиерот Зоран Заев, пред Елисејската палата пред почетокот на работната вечера, додавајќи и дека ќе помогне да се најде решение со Бугарија.

„Вашата земја заслужува да започне преговори со ЕУ. Време е да ја конкретизираме одлуката што ја донесовме. Тука сум и да најдам решение со Бугарија “, рече францускиот претседател, потенцирајќи дека Франција ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

Како треба да ја толкуваме оваа изјава на Макрон, како дојде до ваква пресвртница во ставиовите на францускиот претседател, но и што сега треба да очекува земјава, Фактор разговараше со Нано Ружин, универзитетски професор и долгогодишен дипломат, кој постојано ги следи и ги познава состојбите во француската дипломатија.

Тој наведува неколку тези како се случи макрон да најавува поддршка за земјава во ЕУ, но и помош за решавање на проблемот со Бугарија.

На прво место е конструктивноста што за целиот период наназад ја покажа земјава.

„Прво, сметам дека во изминатиов период откако се случи блокадата на земјава од Софија, Република Северна Македонија покажа голема конструктивност во реформите. Практично, оваа криза со Бугарија ја освести француската дипломатија дека можеби Макрон згрешил кога го наметна прашањето за предимство, односно за примат на реформите во самата Европска унија во однос на прпоширувањето со државите од Западен Балкан, иако тој е всушност голем европеист. Но, тогаш Макрон потклекна под пшриматот на француиските евроскептици и националисти предводени од Мари Ле Пен, бидејќи претходно имаше став дека ЕУ треба да се проширува“, објаснува професорот Ружин за Фактор.

Втората работа за која тој смета дека придонесе за оваа промена е фактот што македонската дипломатија за целиот повој период, особено додека трае спорот со Бугарија, се однесуваше целосно рационално. 

„Ова во смисла што гледајќи ја бугарската реакција, и токму таа агресија на бугарската реакција придонесе да дојде до извесно освестување. Треба да го познавате менталитетот на француските политичари, тие реагираат на критики, а такви имаше во последниов период. Бидејќи, се смета дека доколку не беше тогаш тој непопшустлив француски став, таа топка од снегот немаше да се претвори во антимакедонска лавина од страна на Бугарија“, објаснува Ружин.

Според професорот и долгогодфишен хроничар на состојбите, овде има и една трета димензија, која е многу важна, а тоа е дека САД и Европа изгледа дека овој пат се многу обединети, особено со доажањето на Џо Бајден, и сакаат конечно да ги надминат сите критични точки на Западен Балкан кои се исполнети со корупција, криминал, популизам и фејк њус.

„Посетата на нашиот премиер Заев на Франција но и она што го кажа Макрон е компатибилно со одлуката на Бајден со Декретот кој го објави, со кои им се обрати на сите поединци кои со својата политика се спротивставуваат на европските вредности и патиштата на балканските лидери кои се европски ориентирани“, објаснува Ружин. 

Дали ова е можеби притисок од САД?

„Не би рекол дека е притисок, Французите не трпат притисок, туку повеќе дека станува збор за компромис. Мазкрон сега е лидер број еден во Европа. Инаку, јас го слушав неговото обраќање, при што тој рече дека решението со Бугарија треба да се најде на еден достоинствен и рамноправен начин, односно јасно се гледа дека тој не сакаше Бугарија да ја стсави на отстрел, тоа паметните дипломати знаат да го читаат меѓу редови. Самиот чин што Макрон го прими нашиот премиер и што го истакна Преспанскиот договор и дека нашето место е во ЕУ, но исто рече дека тие биле тешки преговарачи, тоа беше доволен сигнал за Бугарија да почне да размислува европски“, објаснува Ружин.

Професорот е дециден дека со оваа изјава на францускиот претседател работите одат во добра насока за Македонија, за нас сега има голема надеж. 

„Практично, возот тргна, и ќе видиме како сега ќе се однесува Бугарија. Ако продолжат со ова неконструктивно однесување, не верувам дека оваа ниовна политика ќе вроди пшлод. Сега ние треба мирно, без реваншизам да се однесуваме кон Бугарија и да продолжиме со разговорите и барање решение“, вели Ружин.

Професорот не сака да го употребува терминот дека пред две години Макрон стави вето за Македонија, туку дека сметаше дека се уште не е време за проширување на ЕУ 

Инаку, во октомври 2019 година, Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија со ЕУ, изјави дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите во соседството на Унијата.

Тој за прв пат јавно ги доведе во прашање европската иднина и перспектива на земјите од Западен Балкан, зацртани во Солун во 2003 година.

„Разговаравме за нашите визии за Европа, а јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството“, изјави тогаш Макрон, додавајќи дека ЕУ не функционира каква што е сега.

„Зелено светло за Северна Македонија без Албанија ќе беше смртоносна политичка грешка, а тоа беше единствениот можен консензус, ќе видевме политички и социјални движења од неверојатно насилство, не само кај албанското малцинство во Северна Македонија туку во сите земји каде има албанско малцинство“, изјави Макрон.

Познато е дека тогаш францускиот претседател одби да даде „зелено светло“ за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, и тоа не им се допадна на европските лидери. 

„Доколку ова е почеток на крајот на процесот на проширување на ЕУ треба да се соочиме со сериозни критики.  Ние ги охрабрувавме овие земји, им помагавме и ги посетувавме овие земји и дававме јавни ветувања на овие земји. Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања“, изјави Жан Клод Јункер,  тогашен претседател на Европската комисија.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури