19 Декември, 2025
0.0547

Наоми Кембел главна ѕвезда на есенската кампања на H&M инспирирана од Париз

Објавено во: Мои пари 05 Септември, 2022 12:50

Добивај вести на Viber

H&M е горд што има можност да ви ги открие чудата на Brasserie Hennes преку нов филм. Brasserie Hennes е фиктивна модна дестинација која го опфаќа стилот на уникатната париска Brasserie култура, и претставува совршеното место за да се доживее вистинската магија на Париз. Сите се поканети да седнат на отворено и да ја погледнат сензационалната стилска парада на улиците. Преку еволуција на универзумот на Hotel Hennes, Brasserie Hennes ветува нови авантури. Тука, модата е наменета за секого и сè може да се случи. 

Наоми Кембел е во улога на парискиот моден инсајдер, а друштво во Brasserie Hennes ѝ прави љубопитниот турист, моделот Џил Кортлеве, која е тукушто пристигната во главниот град на модата. Со кафе во рацете, Кембел и Кортлеве гледаат како нивните млади колеги, креаторското дуо Young Emperors, моделот Џордан Берет, моделот Палома Елсесер и инфлуенсерките близначки Моли и Рис Блутстајн, поминуваат низ познатата француска калдрма покажувајќи го најдоброто што колекцијата H&M Есен-Зима има да го понуди. Режиран од Бардиа Зеинали, филмот зборува за сјајот на Париз, давајќи ни стилска инспирација на сите нас. 

„Задоволство е да се работи заедно со H&M на овој филм инпсириран од град кој ми е толку близок до срцето. Одличната мода треба да биде за секого и неверојатно е да се види како оваа кампања го прославува токму овој слоган“, вели Наоми Кембел. 

Колекцијата Есен-Зима е олицетворение на парискиот стил: класична, самоуверена и променлица. Основните градски стилови, како мини-здолништата, популарните стилски палта и чизми (од западен стил до високите чизми до колена) се неопходните парчиња кои ви се потребни. Топлите тонови на портокалова, црвена и бургундиска боја се хармонизираат со практичниот стил, а силниот карактер се истакнува во колекцијата со сјајни модни додатоци, макро чанти и гломазни, впечатливи парчиња плетена облека. 

„Добредојдовте во Brasserie Hennes: фантастично и магично место, од каде што отсјајува нашата колекција Есен-Зима 2022. Многу сме возбудени што ги носиме чудата на Париз во H&M и едвај чекаме да ги споделиме со вас“, вели Ан-Софи Јохансон, креативен советник во H&M. 


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии