НАПАДНАТИ ЦАРИНИЦИ И ПАЗАРНИ ИНСПЕКТОРИ ВО ТЕТОВО - голема акција за цигари и режан тутун
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2020 07:39
Царински и пазарни инспектори биле нападнати при претрес во Тетово, во кој ловеле нелегална продажба на цигари и режан тутун.
Царинската управа, во соработка со Државниот Пазарен Инспекторат, вчера спровеле две акции против нелегална продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи. Предмет на акцијата била контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат, а се акцизни добра.
„Двете акции паралелно се спроведоа во Скопје и Тетово, при што на територијата на Општина Тетово службените лица при вршење на претресот беа брутално нападнати од страна на поголема толпа луѓе кои и се познати на полицијата и против нив ќе биде покрената соодветна пријава. Оттука Царинската Управа и Државниот Пазарен Инспекторат порачуваат дека и покрај сите опструкции ќе продолжат да се борат против сивата економија и нелегалната продажба на тутунските производи ширум државата“, се вели во соопштението од Царината.
Во акциите биле запленети 113 килограми режан тутун и 415 кутии цигари.
„Сериозноста на проблемот и обемот на штетите што нелегалната трговија со тутун и тутунски производи го предизвикува, бара од нас континуирани напори за да го спречиме нелегалниот промет на акцизни добра. На овој начин не само што ја штитиме конкурентноста, го спречуваме неплаќањето на давачки кон државата, дополнително придонесуваме за заштита на здравјето на луѓето што може да биде загрозено со употреба на непроверени производи пуштени во промет на нелегален начин“, велат од Царината.
Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба, истите мора да бидат обележани со контролни марки. Акцизите учествуваат со околу 22 отсто во вкупните даноци кои ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13 отсто, од кои над 5 шроценти се од цигари и тутунски производи. Соодветно на тоа, станува збор за значаен извор на приходи во буџетот на државата.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




