Наплив на евтина брендирана гардероба, правата на потрошувачите на удар
Објавено во: Економија 13 Јули, 2013 08:20
И секако, со оглед на интересот предизвикан од ниските цени, расте и бројот на на маалските продавнички во кои се продава веќе употребувана или second hand гардероба. А, ваквиот тип на дуќанџиња особено се впечатливи во метрополата.
Но, некои од таквите дуќани, ја злоупотребуваат информираноста на граѓаните за нивните потрошувачки права. Повикувајќи се на ниските цени, тие не ги почитуваат правата на потрошувачите од една страна, а од друга страна пак ги прекршуваат законите.
„Купената роба не се враќа“ – иако забрането сепак функционира
Иако закон дозволува она што ќе се купи да може и да се замени во рок од 15 дена, доколку во меѓувреме не оштети, сепак дел од помалите дуќани тоа не го почитуваат. И, спротивно на законот истакнуват натписи на кои пишува „Купената роба не се враќа“. На тој начин го прекршуват и законот и правата на потрошувачите.
За да видиме каква е состојбата на терен, екипа на Скуп во една од скопските продавнички што продаваат брендирана гардероба купи една кошула. Кошулата од реномирана марка ја купивме за цена од 270 денари.
„ Неколку дена подоцна се вративме во истата продавничка за да ја замениме купената кошула, со оглед дека тоа ни го дозволува законот. Но, вработените во продавничката не дозволија кошулата ниту да биде вратена, ниту да биде заменета со друг производ. Образложението кое ни го дадоа беше дека за нив не важеле истите закони како за останатите продавници, со оглед дека нивните производи биле со ниски цени. Па оттука, купена роба не можела да се замени. При тоа ни беше посочено дека кога сме купувале требало да го видиме натписот на кој пишува „Купената роба не се враќа“.
Со ова вработените во продавничката што ја посетивме ги прекршија законските регулативи. Имено, во член 50 од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на РМ“ бр. 38/04, 77/07,103/08, 24/11), пишува дека:
„Потрошувачот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата , бројот или од други причини. Потрошувачот ова право може да го оствари ова право во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Замена се врши ако производот не е употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметко потврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот. Ако нема соодветен производ, тогаш потрошувачот може да бара враќање на платениот паричен изноs или да го замени производот со соодветен друг производ со друг таков производ кога ќе има.“Од Државниот пазарен инспекторат појаснуваат дека овој член се однесува за сите и без разлика дали продаваат нова или веќе употребува гардероба или некој друг производ. Оттаму потврдуваат дека нивните инспектори во различни дуќани повеќепати констатирале такви неправилности во работењето. „Во повеќе наврати кај трговци со текстил се констатирани вакви неправилности и прекршителите се санкционирани согласно одредбите од Законот за заштита на потрошувачите“, велат од Државниот пазарен инспекторат. Екипата на Фактор, сакаше да види и како ќе реагираат инспекторите. Па како што би требало да постапат сите граѓани кога им се прекршени потрошувачките права, така и ние како граѓани во Државниот пазарен инспекторат ја пријавивме случката во која не ни беше заменет производот. Поплаката ја испративме по електронски пат, наведувајќи ги податоците за дуќанот што стојат на фискалната сметка. „Сепак по неколку дена од Државниот пазарен инспекторат, ни побараа дополнителни податоци за дуќанот што го пријавуваме. Откако ги испративме, инспекторите излегле на терен, но не успеале да го најдат дуќанот на наведената локација во еден помал трговски центар во скопска населба. Инспекторите, повторно писмено ни побараа да им дадеме нови податоци за дуќанот, по што добија фотографии од спорниот дуќан. Во третиот обид, инспекторите ја најдоа продавничка. По неколку дена, инспекторите го посетиле дуќанот. Во одговорот што ни го испратија пишуваше дека на денот кога тие извршиле контрола, таму сепак немало натпис на кој пишува „Купената роба не се враќа“, поради што не можеле да превземат никакви санкции.“ Веќе следниот ден, екипа на Фактор повторно го посети истиот дуќан, и навистина натписот повеќе го немаше. Беше тргнат. Но кога купиме нов производ следуваше нов прекршок. Вработените кои беа на работа во моментот не издадоа фискална сметка за нови от производ што го купивме. Ова го отвора прашањето дали ваквата разврска на случај упатува на тесна корелација меѓу оние кои се надлежни да го спроведуваат законот и оние кои го прекршуваат или станува збор за чиста случајност? Од Државниот пазарен инспекторат велат дека минатата година во различни случаи била утвредена злоупотреба на службената положбана кај одредени инспектори кои биле санкционирани. Годинава засега немало такви случаеви, но посочуваат дека секој оној што има сомнеж треба да го пријави во инспектратот за да се превземат мерки. Какви прекршувања најчесто се регистрирани кај дуќаните кои продаваат текстил Најчести прекршувања кои се констатираат кај трговците со текстилни производи се : • Некомплетни декларации • Текстилна стока без декларации • Евиденцијата во трговија не се наоѓа во деловниот објект или пак не се води согласно Правилникот • Неистакнати цени • При сезонски намалувања цените на производите кои се на попуст не се правилно истакнати , или пак стоката на попуст не е издвоена од другата текстилна стока.
Можеби ќе ве интересира
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар




