26 Јуни, 2024
0.0259

Напролет струја ќе се продава на берза во Македонија, се очекуваат „реални цени“

Објавено во: Економија 27 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Симон Шутиновски, директорот на операторот на пазарот за електрична енергија МЕМО, денеска објави дека се е  подготвено напролет да започне со работа берзанското тргување со електрична енергија во Македонија.

Според првиот човек на фирмата-ќерка на МЕПСО, производителите на електрична енергија од фотонапонските централи, ветерниците и други капацитети ќе може да им ја продаваат струјата на снабдувачите и трговците на транспарентен и безбеден начин.

- Станува збор за организиран пазар по принципот ден однапред, а во моментов се работи на тоа во иднина да може да се купува, односно продава електрична енергија и на самиот ден. Имаме договор за клиринг и трговска платформа, а правилата за тргување очекуваме да бидат донесени од Регулаторната комисија за енергетика до крајот на февруари, вели Шутиновски.

Она што ќе добијат страните во берзанското тргување, според Шутиновски, е гаранцијата за сигурност, додека земјата, како што вели тој, ќе добие реални цени на електрична енергија.

- Македонија ќе има референтна цена, бидејќи таа на унгарската берза е нереална за наши прилики. Македонија и Унгарија имаат различно производство и различни потреби. За понатамошен развој се работи и на поврзување на нашата со берзите од соседството, а особено значајна за нас е бугарската ИБЕКС, најавува Шутиновски.

Билатералните договори, кои досега беа единствена опција, помеѓу производителите од една и трговците од друга страна ќе продолжат паралелно со берзата, но разликата во овој случај е тоа што тие ќе добијат сигурност и транспарентност.

- Има голем број на инвеститори кои сакаат да градат капацитети за струја во земјата, но досега не знаеја каде ќе ја продадат. Засега има пријавено повеќе од 20 учесници и ако барем 10-мина од нив активно тргуваат, тоа би било добар почеток за берзата, смета тој.

За таа цел ќе се користи платформата на EPEX Spot, која е користена и од унгарската берза HUPX, која инаку е најрелевантна за регионот.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?