30 Септември, 2024
1.3086

Напуштете го домот или засолнете се заземајќи фетусна положба, еве како да се заштитите при земјотрес

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Граѓаните треба да знаат како да реагираат и да се заштитат во случај на земјотрес, без разлика дали се дома, надвор или во автомобил.

Ивица Наумовски, раководител на одделение во Дирекцијата за заштита и спасување вели дека доколку земјотресот се случи додека сте дома, не треба да стоите близу до прозорците и надворешните ѕидови, за да не дојде до повредување, доколку се случи прозорците да пукнат или ѕидовите да се урнат од потресот.

„Најдобро е луѓето да се повлечат кон средината на собата, кон внатрешноста. Можат да се засолнат во некој агол заземајќи фетусна положба, така што рацете ќе бидат над главата, со цел главата да биде заштитена од повреди. Може да се застане под касата на вратата, но во различни земји има различни правила за градење, и тоа ќе помогне доколку станува збор за квалитетна градба. Исто, може човекот да се засолни под масата, во фетусна положба, и доколку дојде до паѓање на лустерот, чаши, вазни, слики, да се заштити од повреди“, вели Наумовски.

Наумовски објаснува дека доколку во такви околности, дојде до искрење од електрична енергија во домот или ако граѓаните почувствуваат мирис на гас, најдобро е да се оддалечат, затоа што така се најбезбедни. Ова би се случило ако се оштетат кабли при потрес. Ако луѓето ги напуштаат зградите, Наумовски советува, да не ги фаќа паника, и да се движат еден зад друг по скалите, при тоа да се внимава да чекорат по страничниот, а не средишниот дел на скалите. Во случај на земјотрес, лифт не треба да се употребува.

„Доколку се во возило, додека се случува земјотрес, не треба да излегуваат, и треба да внимаваат во близина да не има бандери, дрвја, или објекти кои би можеле да се урнат. Тоа се методи за самозаштита“, додава Наумовски.

Веќе неколку дена, Македонија, а посебно јужниот дел, реонот на Битола го тресат земјотреси. Луѓето во паника ги напуштаа домовите, ноќта ја поминаа надвор, во своите возила, или пак заминаа надвор од градот, кај роднини и пријатели. Силен земјотрес со јачина од над 5 степени се случи во Лерин, на грчка територија и тој стресе и голем дел од Македонија. И претходните години, кога слаби земјотреси го тресеа Скопје и Охрид, дел од граѓаните практикуваа да спијат во своите возила, и така се чувствуваа побезбедни.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО