Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон
Објавено во: Економија 02 Јануари, 2025
Сумирајќи ги резултатите од третиот квартал од 2023, Народна банка забележува годишен раст во бројот на плаќањата на граѓаните со платни налози. Бројот на платежните трансакции се зголемил за 9,9 отсто, а вредноста на остварените трансакции пораснала за 22,2 проценти во споредба со истото тромесечие една година претходно.
„Ова укажува на натамошно зголемување на употребата на дигиталните канали за иницирање на овие плаќања. Најзначајни се резултатите од употребата на апликациите за мобилно плаќање, кои покажуваат годишен раст од 50,2 проценти во бројот на платежните трансакции споредено со истиот период од 2023 година. Во рамките на овие податоци, се истакнува податокот дека граѓаните извршиле 65 отсто од вкупниот број електронски иницирани платни налози преку мобилните платежни апликации, што покажува дека мобилните апликации за плаќање стануваат сѐ попопуларни, бидејќи нудат побрзии поедноставни решенија за иницирање на платежните трансакции“, објави централната банка.
Платежната статистика покажува се поголема употреба на платежните картички при иницирање на плаќањата, особено во е-трговијата каде има раст од 29,2 отсто.
„Во третиот квартал од 2024 година се забележува значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата во земјата. Трансакциите со картички, издадени од домашните даватели на платежните услуги, пораснале за 10,2 проценти по број и за 13,6 отсто по вредност. Овој раст најмногу се должи на високиот годишен раст на бројот на плаќањата во е-трговијата во земјата, кој изнесува 29,2 отсто, како и растот од 8,8 проценти на плаќањата преку терминалските уред ПОС“,