05 Декември, 2025
0.2173

НАРОДНА БАНКА ЗА ИСПЛАТАТА НА АПРИЛСКИТЕ ПЕНЗИИ: Да се избегнува користењето готовина

Објавено во: Економија, Корона Вирус 23 Април, 2020 16:42

Добивај вести на Viber

По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат предвремената исплата на априлските пензии, од Народна банка излегоа со препораки. 

Велат дека поради заштита на здравјето, треба да се избегнува користењето готовина.

Пензионерите коишто поседуваат дебитна картичка и од утре преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата априлска пензија, да настојуваат секогаш кога е можно плаќањата да ги вршат безготовински – со употреба на картичката. 

Така ќе придонесат за заштита на своето здравје и на здравјето на другите.

„При посета на филијалите и експозитурите во текот на следната недела, пензионерите коишто досега не поседуваат дебитна картичка, да го поднесат барањето за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време, без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките за да подигнат готовина. Во периодот од 8 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години, граѓаните коишто се во други возрасни групи, особено следната недела од понеделник до четврток, да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите на банките. Во овој термин да се даде приоритет и предност на повозрасните граѓани коишто имаат потреба од банкарски услуги. При една посета на филијала/експозитура да се реализираат сите банкарски услуги за коишто клиентот смета дека во овој период е потребно физичко присуство во банките. Како што веќе е соопштено, задолжително е да се носи лична заштитна опрема за носот и устата којашто може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично“, велат од Народна банка.

Понатаму, да се почитуваат насоките за соодветна раздалеченост од другите лица, пред и во објектите на банките.

„Потсетуваме дека според веќе објавениот распоред, исплатата на априлските пензии за пензионерите коишто не поседуваат дебитни картички ќе се спроведе по групи: -во понеделник, 27 април – пензии со висина до 11.000 денари; -во вторник, 28 април – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари; -во среда, 29 април – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари; -во четврток, 30 април – пензии во висина над 18.000 денари. Апелираме за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица во филијалите и експозитурите на банките значајно да се намали, во корист на здравјето“, стои во соопштението. 

Во текот на претстојните денови ќе бидат во интензивна комуникација со банките, заеднички настојувајќи сите активности поврзани со исплатата на априлските пензии да се остварат на начин којшто е најсоодветен за да се заштити јавното здравје.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?