„Нашата единствена зависност е од нашиот народ и нација, а не од олигарси и нарко-босови“: Влен со остра реакција по сајбер нападите врз Фетаи
Објавено во: Македонија 29 Август, 2025 09:53
Пропагандната машина на ДУИ и нејзините патерици започнаа ниска кампања на клевети и лаги против вицепремиерот, Арбен Фетаи. Криејќи се зад лажни профили и користејќи валкани методи, тие се обидуваат да ја оцрнат неговата личност и да го попречат процесот на промени што сега стана незапирлив.
Ова го посочуваат од политичката партија „Влен“ иницирани од критиките на ДУИ насочени кон нивниот член Фетаи.
- Овие напади докажуваат само едно: моќта на ВЛЕН ги уништи плановите на ДУИ и Таравари со кланот Ѓока. Тие се плашат од транспарентноста, од чистите раце и од нашата решеност да ги искорениме злоупотребите, корупцијата и мафијашките врски што ја држат државата како заложник две децении.
ВЛЕН има фундаментална разлика со ДУИ и нејзините патерици: Ниту еден јавен денар не е злоупотребен од нашите претставници. Нивното богатство и интегритет се отворена книга, секој цент е заработен чесно. Без компромис и без контакт со ДУИ, нашата дистанца е јасна, бидејќи секој што ќе ја допре ДУИ е извалкан од нивното морално распаѓање. Нашето донесување одлуки е слободно, невлијателно и неуценето, бидејќи нашата единствена зависност е од нашиот народ и нација, а не од олигарси и нарко-босови. Затоа, нивните напади оркестрирани од зад сцената се едноставно очај. Тие не се осмелуваат да се соочат со вистински обвинувања, факти и аргументи, бидејќи знаат дека ВЛЕН е олицетворение на чисти раце и чесна политика.
Нека клеветат со лажни профили, нека лаат нивните дигитални платеници, караванот ВЛЕН незапирливо се движи напред, градејќи иднина каде што Албанците се посилни, а не експлоатирани, иднина без ДУИ, без патерици и без заложниците на Ѓока - се нагласува во нивното соопштение.
На истата тема преку социјалните мрежи реагираше и самиот Фетаи, кој пак објави дека „пропагандната машинерија на ДУИ и нејзините потпорници започнаа злобна кампања против мојата личност.
Тој истакна дека нападите се вршат преку лажни профили кои имаат за цел да го оцрнат со „секакви клевети и лаги“. Според него, овие напади ги извршуваат ДУИ и дел од АA.
- Овие напади се знак на нашата моќ. Тие напаѓаат затоа што нашето движење ги наруши плановите на ДУИ и заложниците на Ѓока Конструкција. Моите раце се чисти, мојата совест е чиста. За 20 години кариера, не сум злоупотребил ниту денар јавни ресурси. Моите раце се чисти, мојата совест е чиста. Дистанца од ДУИ – јас сум единствениот што никогаш немал контакт, соработка или компромис со ДУИ и нивниот претседател. Одржував и ќе одржувам хигиенска дистанца од нив. Независност во донесувањето одлуки – никој не може да влијае на моите одлуки, да ме условува или уценува. Мојата единствена зависност е од нашиот народ и нашата нација - пишува Фетаи.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




