Наскоро на оглас 850 хектари државно земјоделско земјиште за сточна храна
Објавено во: Агробизнис 09 Мај, 2013 13:40
Наскоро ќе биде објавен огласот за давање во закуп 850 хектари државно земјоделско земјиште кое ќе може да се користи исклучиво за производство на сточна храна.
Со ова, како што изјави денеска ресорниот министер Љупчо Димовски, им се излегува во пресрет на сточарите и се реализира нивното дамнешно барање.
- Веќе ги извршивме потребните законски измени, обезбедивме соодветно земјиште и за релативно кратко време ќе излеземе со оглас на кој ќе може да се јават фармерите. Бенефит очекуваме уште оваа година, рече Димовски по работната средба со претставници на земјоделците.
За нас е особено важно, додаде, да се зголеми производството на добиточна храна со оглед дека сме увозно зависни и имаме проблеми од овој аспект во секторот. Тоа е во интерес не само на одгледувачите на добиток, туку и на целата држава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





