Наскоро неработен ден и продолжен викенд
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2016
Месецов ќе имаме уште еден неработен ден, односно продолжен викенд.
Неработен е 23 Октомври- Денот на македонската ревулуционерна борба, кој воедно е и последниот продолжен викенд за годинава.
До крајот на оваа 2016 година, неработен е и 8 Декември денот кога се празнува „Св. Климент Охридски“.
Ова е согласно со Законот за празниците на Република Македонија.Во текот на годината има 21 неработен ден, од кои 11 за сите граѓани на Република Македонија, 5 за православните верници, 3 за луѓето од католична вероисповед, 1 само за граѓаните од исламска вероисповест, и 1 за граѓаните од албанската заедница.