Наскоро отворени врати на најголемиот трговски центар во западна Македонија
Објавено во: Мои пари 23 Април, 2013 15:52
Kако инвеститор на овој проект, со инвестиција од над 20 милиони евра, се јавува фирмата „Палма трејд“, која на пазарот постои повеќе од 20 години и е дистрибутер на производи од за широка потрошувачка и бела техника.
-Трговскиот центар ќе претставува вистински двигател на економијата во полошкиот регион, а свој придонес ќе има од повеќе аспекти. Имено, шопинг-центарот ќе вработи околу 400 луѓе, а во неговата изградба, како и во опремувањето на надворешноста, внатрешноста и локалите, учествуваат исклучиво македонски компании” - вели Оливер Димитровски, сопственик на агенцијата за недвижности „New Way“. Иако и сега има посетители, Димитровски очекува дека по целосното отворање, бројката ќе достигне од 10.000 до 15.000 посетители дневно.
Трговскиот центар „Палма Mол“ се наоѓа на самиот влез на Тетово на само еден километар од центарот на градот, а отспротива се наоѓа клучката која патот од Тетово го води до Гостивар кон Охрид и Струга.
Центарот се состои од четири нивоа (подрум, приземје, први и втори кат), со површина од 32.000 квадратни метри или 8.000 квадратни метри на ниво. Површината на локалите за изнајмување изнесува 16.500 квадратни метри. Меѓу нив е и супермаркетот на „Рамстор“ со вкупна површина од 2.200 квадратни метри.
Покрај тоа, во „Палма Mол“ ќе бидат застапени и брендовите: „Палма трејд“, “Њујоркер“, ДМ, ресторан „Емпориум“, „Спорт вижн“, „Мотиви“, „Тудорс“, „Пенти“, „Шатце парфимерии“, „Просветно дело“ и други.
Kако што вели Димитровски, Трговскиот центар располага со отворен и затворен паркинг, за близу 500 возила, што го прави најголемиот бесплатен паркинг-простор во Македонија. Внатрешниот дизајн го направи архитектонско студио ДСЦ „Дизајн“, има одлична поврзаност на катовите, 10 ескалатори, панорамски лифт, два големи товарни лифта и две подвижни ленти преку кои подземниот паркинг се поврзува со приземјето.
“Шопинг-центарот „Палма Mол“ е во завршна градежна фаза, а бројот на слободни локали е многу мал. Исто така, особено нe радува што успеавме да понудиме цени кои се максимално пристојни и конкурентни на пазарот. Со задоволство ги очекуваме сите што се во можност да дојдат и да нe посетат на големото отворање кое ќе биде наскоро” - додава Димитровски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





