29 Септември, 2024
0.0266

Наскоро пониски цени во роаминг со Србија, Црна Гора и БиХ

Објавено во: Економија 18 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Во Агенцијата за Електронски комуникации денеска се одржа прес конференција на која беше најавена Меѓународната регулаторна конференција која утре и задутре ќе се одржи во Охрид. Целта на конференцијата е да се поттикне јавната расправа за прашања поврзани со најновите технолошки достигнувања во ИКТ секторот.

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски истакна дека во наредните два дена на конференцијата ќе се разговара за наредните чекори што треба да се преземат за унапредување на броадбендот и интернетот, како и за теми кои не се само актуелни во Република Македонија туку и во земјите од Европската Унија.

,,Ова уште еднаш покажува дека Република Македонија е поставена на мапата за развој на телекомуникациите и за нас тоа претставува особена чест" рече Ивановски, потсетувајќи на последниот извештај од Светскиот економски форум каде Македонија бележи скок од 10 позиции и се наоѓа на 47 место во глобалниот индекс за информатичко општество, односно скок од 20 места во изминативе две години.

Тој се осврна и на регионалната роаминг иницијатива, со која како што рече, почнувајќи од 30. јуни граѓаните на РМ ќе плаќаат драстично пониска цена за роаминг услугите кога ќе патуваат во Србија, Црна Гора, Босна:

,,Ние, заедно со нашите соседи успеавме да направиме наш регулаторен пазар. Успеавме со нашата политика како пријателски земји да го направиме ова многу побрзо отколку ЕУ го има тоа направено во своите 28 држави членки кои дискутираат на оваа тема" истакна Ивановски.

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски рече дека традиционално, веќе трета година, АЕК организира меѓународна регулаторна конференција на која учествуваат истакнати личности од Македонија и светот, вклучувајќи владини претставници, регулаторни тела, претставници на ИТУ, на Европската унија, оператори, како и клучни лица на Македонскиот и светскиот пазар за електронски комуникации.

Инаку, на конференцијата во Охрид ќе учествува и Гјоран Марби, потпретседател на Европското тело на регулатори за електронски комуникации (БЕРЕК) и генерален директор на Регулаторот за пошти и телекомуникации на Шведска.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија