06 Декември, 2025
0.0277

„Наследување на семејниот бизнис“ - ПроКредит Банка и ЕБОР со заеднички настан посветен на генерациската транзиција во семејните компании

Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2025 09:40

Добивај вести на Viber

Како да се пренесе визијата на една компанија од една на следна генерација? ПроКредит Банка заедно со Европската банка за обнова и рaзвој (ЕБОР) го отвора ова важно прашање со настанот посветен на наследување на семејниот бизнис, кој ќе се одржи на 21 октомври во ресторанот „Парк“ во Скопје, од 10:00 до 12:00 часот.

Настанот е наменет за сопственици и менаџери на семејни компании, следни генерации лидери во развој, како и за сите кои се подготвуваат за процесот на наследување во управувањето. Целта е да се поттикне размислувањето за континуирана и стабилна генерациска транзицијана компаниите во моментите кога претходната генерација се подготвува заповлекување од активно управување.

„Нашата цел е да помогнеме на следната генерација лидери да ја преземат одговорноста со сигурност, визија и подготвеност, овозоможувајќи им навремена и непречена генерациска транзиција што ќе ја зајакне и продолжи семејната приказна.“ изјавија од ПроКредит Банка.

Настанот ќе го води експертотБорис Вукиќ, партнер и сениор соработник во Adizes SEE, еден од водечките регионални експерти за развој и советување на семејни компании. Вукиќ ќе сподели практични совети, успешни примери, главни предизвици и решенија, како и модели од регионалната пракса за тоа како компаниите можат успешно да го реализираат генерацискиот премин.

Во вториот дел ќе има и “Fireside chat” каде ќе се придружи Глигор Цветанов,Генералниот и извршен директор на една од најуспешните македонски компании "Макпрогрес“ од Виница, кој ќе го сподели своето лично искуство на оваа тема.

Присутните ќе имаат можност да се запознаат со проверени стратегии за континуитет и развој, со инспиративни искуства од компании кои веќе поминале низ процесот на транзиција, како и да ги прошират своите професионални познанства со претприемачи и менаџери кои се соочуваат со истиот предизвик.

Овој бизнис настан претставува вовед во серија на специјализирани работилници што ПроКредит Банка во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе ги реализира во претстојниот период. На самиот настан ќе биде отворена можност за пријавување на претстојните работилници, кои ќе понудат практични алатки и насоки за управување, лидерство и трансфер на одговорноста во рамки на семејните компании.

Сите заинтересирани можат да го пријават нивното присуство на следниот линк. Местата се ограничени.

Бизнис настанот и претстојните работилници се финансиски поддржани од специјалниот фонд на ЕБОР – Small Business Impact Fund (SBIF) – The donors contributing are: Italy, Ireland, Japan, South Korea, Luxembourg, Norway, Sweden, Switzerland, TaiwanBusiness – EBRD Technical Cooperation Fund, the United Kingdom, and the United States of America.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј