21 Декември, 2024
0.0325

НАСТАВНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ПОВТОРНО ЗБУНЕТИ: Што ако во еден клас се пријават 21 ученик?

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

По вчерашната најава на Министерството за образование дека до 10.септември училиштата треба да достават барања дека ги исполнуваат условите за работа, односно за реализација на наставата со физичко присуство, според протоколите кои ги утврди Комисијата за заразни боести, во редакцијата на Фактор пристигнаа низа прашања и од родители и од наставници, кои велат дека се збунети и не знаат што точно значи можноста која ја даде МОН.

-Слушнавме дека новата министерка за образование, Мила Царовскарече дека ако се формираат класови најмногу до 20 ученици и доколку училиштето ги исполнува условите за настава со физичко присуство дека така ќе може да се реализира новата учебна година. Но, што ако во еден клас има на пример пријавено 21 ученик за следење на наставата со одење во училиште. Дали во тој случај, тој ученик што е повеќе, ќе може да влезе во клас каде што на пример има пријавено 10, 15, 16 деца, односно помалку од 20. Ќе може ли такви комбинации да се направат. Понатаму, како ќе биде за останатите ученици кои ќе останат дома и ќе треба наставата да ја следат онлај. Дали ние како наставници ќе имаме можнкст додека предаваме во училиште, токму од училницата да бидеме поврзани и со нив и да биде сосема исто, како и тие да присуствуваат на часот. Или пак, ќе немаме таква можност, па онлајн настава ќе се одржува по часовите. Навистина сме збунети, и оваа неизвесност трае веќе подолго време, велат дел од наставниците од две основни и три средни училишта со кои поразговара Фактор.

Истата неизвесност останува и за родителите. Особено се загрижени оние кои сиве овие месеци бараат настава со физичко присуство. Прашуваат дали е можно ако во одделението се пријават повеќе од 20 деца, воопшто да не се дозволи настава со физичко присуство или можеби како што велат ќе биде по принципот кој прв се пријави, тој ќе оди во школо.

-Има се уште доста нејаснотии, за кои веруваме дека во нардните денови ќе слушнеме и поконкретни одговори токму на овие прашања. Во ниту еден случај не сакам моето дете да ја следи наставата онлајн иако имаме можности за тоа. Но школо си е школо и на учениците местото им е во клупите. Пример за тоа е и Србија. Алал да им е. И покрај многуте новозаразени секојдневно, 97 проценти од родителите одлучиле децата да си ја следат наставата со физичко присуство. Ова може да трае со години, па не е во ред да седиме дома и од дома се да се прави, да се учи, да се купува, да се работи....Јас сум убедена дека протоколите кои ги подготви Комисијата за заразни болести се одлични, а ако навистина нашите деца ги почитуваат онака како што треба, ризикот за зараза е сведен на минимум, вели соговорничката на Фактор, мајка на ученичка во осмо одделение.

Што се однесува до протоколите кои мора да ги запазат училиштата, нив вчера на прес-конференција ги соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

И во основните и во средните училишта, наставниот процес се одвива во период од 07:00 часот до 20:00 часот. За влез и излез на учениците, училиштето ги става во функција сите влезови во училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение кое го истакнува на видни места во училиштето. На влезот од училиштето, во ходниците и училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на рацете. Училиштата задолжително поставуваат ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето. Во основните училишта родителите/старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните асистенти на учениците со посебни образовни потреби, секако со задолжително носење на маска/прекривка на лицето, што е дозволено и во средните училишта.

На секој влез од училиштето, учениците ги пречекува дежурен наставник кој се грижи ученикот да ги дезинфекцира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфекцира рацете со дезинфекционо средство. Дезинфекцијата важи и за вработените во училиштата. На вработените им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37°) вработениот се упатува кај матичен лекар. И на учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на покачена телесна температура (над 37°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот педијатар. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.

За основните училишта, секогаш кога е можно и дозволуваат временските услови, наставата се реализира надвор од училница во училишниот двор, на отворено. Доколку се реализира така, се препорачува да не се носат маски/прекривки на лицето, но да се почитува задолжително препорачаната физичка дистанца помеѓу ученик-ученик и наставник-ученик од најмалку 1,5 метри. Учениците од една паралелка престојуваат во една просторија и се забранува кабинетска настава, заради грижа за здравјето на учениците. Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории треба да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки. Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре). Учениците носат оброк/храна од дома или доколку е можно за организација, оброкот што го обезбедува училиштето, како што е тоа случај во основните училишта, треба да биде соодветно спакуван или готов производ.

Учебната година почнува на 1.октомври, а минстерот Филипче информираше дека првиот ден од наставата задолжително ќе започне со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат за заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето.

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат