Наталитетот лани зголемен за 3,5 проценти
Објавено во: Мои пари 14 Јуни, 2013 13:45
Во Македонија минатата година е зголемен наталитетот за 3,5 проценти во споредба со 2011 година. Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на живородени деца е зголемен за 798 деца.
Минатата година се родиле вкупно 23.752 деца од кои 23.568 живородени и 184 мртвородени.
Гледано по пол, лани бил поголем бројот на родените машки деца, отколку на женски.
Најмногу живородени деца се родени од мајки на возраст од 25 до 29 години по што следуваат мајките од 30 до 34 години и мајките од 20 до 24 години.
Минатата година се родени и 26 бебиња од мајки на возраст под 15 години.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28,1 години, а 26,3 години на првите раѓања, односно благ пораст во однос на претходната година.
Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1984 година.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.742 деца, или 11,6 проценти од вкупниот број на живородени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





