17 Декември, 2025
0.0530

НАТО ќе ги зајакне своите сили во источна Европа

Објавено во: Свет 05 Февруари, 2015 11:58

Добивај вести на Viber

НАТО најави детален план за зајакнување на воените сили на Aлијансата во источна Европа поради случувањата во Украина. Според најавите ова ќе најголемото засилување на силите во регионот по завршувањето на Ладната војна. Одлуката треба да се донесе на денешната еднодневна средба на министрите за одбрана од земјите-членки на НАТО. Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг пред почетокот на средбата изјави дека НАТО е подготвен да го заштити секој свој сојузник од било каква закана, без разлика од каде таа доаѓа. „Сега се решителни моменти за Европа и светот. Ситуацијата во Украина се влошува, Русија продолжува да не ги почитува меѓународните правила и да ги вооружува и обучува бунтовниците, а во Африка и на Блискиот исток се шири бруталноста“, вели Столтенберг и дополни: „Ќе донесеме решение за зголемување на нашата борбена готовност, ќе ја определиме бројноста на силите за брзо реагирање, а очекувам да се усвои и одлука за оспособување на командни и контролни центри во шест држави на НАТО, а тоа се Бугарија, Романија, Полска, Литванија, Летонија и Естонија“, додаде Столтенберг.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“