17 Декември, 2025
0.0630

НАТО одлучи – праќа трупи на исток

Објавено во: Свет 05 Февруари, 2015 21:42

Добивај вести на Viber

Министрите на земјите членки на НАТО одлучиле денеска на состанокот во Брисел да формираат нова единица за брзо реагирање и да постават шест командни центри долж источната граница на Алијансата, соопштено е денеска од Северноатлантскиот сојуз.

Оваа единица со јачина на бригада, популарно наречена „ударна песница“ на НАТО, ќе се состои од четири до пет илјади луѓе и ќе биде во состојба во рок од два до четири дена да реагира на секоја закана на Сојузот, порачаа министрите во соопштението.

Освен тоа, на состанокот е одлучено во Романија, Бугарија, Полска, и три балтички земји да се постават штабови и командни центри за прифаќање на оваа единица, која од денеска официјално го добила името Заеднички сили на многу висока борбена готовност со англиски акроним ВЈТФ. Формирањето на ВЈТФ  и приватните бази на источните граници на НАТО било договорено на септемврискиот самит на НАТО во Велс но земјите членки досега не можеле да се согласат со деталите на планот и за поедини доприноси на заедничкиот проект.

Според планот кој денес е усвоен, ВЈТФ ќе стане оперативна средина следната година, откако членките ќе испратат контингенти на заедничка обука.

Иако во соопштението никаде посебно не се наведува, планот е усвоен како одговор на зајакната воена активност на Русија на источните граници на НАТО, како и на балтичките земји кои би можеле да станат мета на руската агресија.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“