НАТОКМИЈА УБАВО ПРОФИТНО „ЧЕКМЕЏЕ“ ОД ЕДЕН И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА - кои се шпедитерите што не сакаат да се „мрсат“ со дивиденда, ќе земат само „ситно“
Објавено во: Економија 03 Јуни, 2024 10:19
За Фершпед Фактор веќе пишуваше дека компанијата го враќа стариот сјај и продолжува да оди по патеките на успешното работење, но деновиве тие покажуваат дека парите од ланскиот профит нема да ги трошат што е можно побргу, односно да ги повлекуваат во форма на дивиденди, туку дека сакаат дел да реинвестираат, е дел да чуваат. А, тоа е добро за стабилноста на секоја компанија, кога се има фонд во случај да дојдат тешки денови.
Фершпед во минатата година оствари добивка од нешто повеќе од два милиони евра, но на Собранието на акционери кое било олдржано во петокот минатата недела, донеле одлука дивиденда да не се дели од ланскиот профит. А, дивиденда сепак ќе има, но таа ќе биде од претходно акумулирани добивки.
Односно, дури 1,53 милиони евра, односно повеќе од 75 проценти, компанијата планира да чува во форма на нераспределена, односно акумулирана добивка, додека, пак, помал дел, односно околу 488 илјади евра, ќе се насочат во инвестиции, и тоа практично ќе биде реинвестирана добивка.
А, за акционерите сепак ќе има дивиденда, но таа не е од ланскиот профит, туку од претходно акумулираната добивка на компанијата. Ќе биде бруто 720 денари за акција, или вкупна сума од оклу 191 илјади евра.
Собранието на акционери изгласало и назначување на нов член на Одборот на директори, на место кое беше испразнето.
Односно, за неизвршен член на Одборот на директори на „Фершпед“ е избран Иван Бошковски, чии мандат ќе тграе се додека трае мандатот на другите членови на Одборот, односно до 17 мај 2025 година, што значи ќе има мандат уште околу една година, а за тој свој ангажман ќе зема месечен надоместок од 20 илјади денари.
Инаку, најголем поединечен акционер во „Фершпед“ е „помалиот брат“ „Макошпет“, со 19,65 отсто од капиталот, а синовите на долгогодишниот директор Штерјо Наков, Драган и Сашо Накови имаат по 11,83 и 11,04 отсто соодветно. Чоколадната фабрика „Европа“ има 9,66 отсто од капиталот, а самиот „Фершпед“ поседува сопствени акции од 9,99 проценти од капиталот.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




