19 Декември, 2025
0.0459

Научници пресметале колкава плата годишно треба да земаат мајките

Објавено во: Мои пари 31 Јануари, 2014 17:00

Добивај вести на Viber

Додека светот оди напред со крупни чекори, балканските стереотипи тешко се надминуваат на овие простори. Освен што статистички жената е дискриминирана на работното место, речиси со сигурност е понижена и невредувана во средината во која што живее. Вредноста на домашната работна рака ретко кој ја цени. Жените честопати како по шаблон се приморани да ги извршуваат сите потребни работи во домаќинствата, а доколку пак имаат семејство, ја преземаат грижата и товарот на одгледувањето на децата и одржувањето на домот. Затоа, се поставува прашањето: Колкави плати заслужуваат мајките? Дел од научната јавност се погрижила да одговори и на ова прашање, со што се проценува дека мајките се заангажирани со своите работни обврски околу 94 часови неделно и тоа без никаков финансиски надоместок. Кога се во улога на мајки, жените не го сметаат времето. Сеедно дали се вработени или не, секојдневно се грижат за бројни „неблагодарни“ работи, како готвење, купување, чистење, носење и земање на децата од училиште, часови за подготвителна настава, спортски активности и разни други активности поврзани со домот и децата. И сето тоа, без никаков финансиски надомест. Според истражувањето на сајтот Salary.com во кое биле опфатени 6.000 жени, се покажало дека мајките-домаќинки работат по 94 часа неделно, а за тоа би требало да заработат околу 85.000 евра годишно. Оние кои се вработени, би требало да примаат околу 50.000 евра годишно, со оглед на фактот дека обврските во домот и околу семејството, покрај работното време, им одземаат 58 часови неделно. Овие вредности се пресметани според цената на пазарот на труд и вредноста на платите по одредени сектори. Ако се земе во предвид фактот дека на една чистачка или куќна помошничка и се исплаќаат средства, тогаш, на мајките, односно жените кои за чистење трошат по 14,4 часа во неделата, би требало само за таа работа да добиваат околу 106 евра неделно. Готвењето, на кое се трошат најмалку 14 часови неделно, би требало да чини уште повеќе.   A.A.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии