НАУЧНИЦИ РАЗВИВААТ ХОРМОНАЛНА ИНЈЕКЦИЈА ЗА ОТРЕЗНУВАЊЕ: Ќе се користи за лекување на пациенти кои имаат акутно труење со алкохол

Објавено во: Стил 09 Март, 2023
Научниците од САД
работат на хормонална инјекција за отрезнување. Американски научници
истражуваат дали „инјекцијата за трезвеност“ би можела да им помогне на
пациентите алкохоличари да се опорават од негативните ефекти на мамурлакот.
Истражувачите од Универзитетот Југозападен Тексас на лабораториските глувци им инјектирале „прекумерна“ доза на етанол, што е еднакво на прекумерното консумирање алкохол кај луѓето.
Потоа, како дел од истражувањето, на „алкохолизираните“ животни им бил вбризган хормонот FGF21 (фибробласт фактор на раст 21), кој се наоѓа во црниот дроб.
Големите дози на FGF21 значително го забрзуваат процесот на отрезнување
Хемикалијата испратила сигнал до мозокот да се заштити од штетното дејство на алкохолот. Тие откриле дека на глувците со пониски природни нивоа на хормонот им треба подолго време да се опорават од другите.
Се покажа дека високите дози на FGF21 „значително го забрзуваат“ процесот на отрезнување преку стимулирање на мозочните клетки поврзани со возбудувањето - дури и кога нивото на етанол во нивните тела не е променето.
Познато е дека FGF21 штити од негативните ефекти на алкохолот со тоа што побрзо ги разградува и ги стимулира мозочните клетки. Глувците беа тестирани за исправување на рефлексот и рамнотежата по изложување на етанол.
Водачот на студијата, д-р Стивен Кливе од Универзитетот во Тексас, рече дека се надева дека FGF21 ќе биде корисен во лекувањето на пациентите кои пристигнуваат во болница со акутно труење со алкохол.
„Зголемената будност на пациентот би ни користела многу во вакви ситуации, прво затоа што би ја избегнале потребата од интубација, а треба да се запамети дека пациентите во несвест може да се задушат од повраќање, но и да го забрзаат процесот на проценка и третман на други повреди кои често се случуваат во исто време“, рече тој.
Резултатите од студијата беа објавени во стручното списание Cell Metabolism.
ФОТО: EPA-EFE/ALI HAIDER* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.