Научници во Индија открија 240 нови варијанти на коронавирусот, неколку окрузи одат во карантин

Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Февруари, 2021
Се појавуваат нови мутации на коронавирусот.
Индиски научници открија 240 нови варијанти на коронавирусот, пишува The Citizen.
Индиските медиуми денес објавија дека Индискиот институт за медицински науки (AIIMS) вчера открил нови видови на КОВИД-19 во земјата, односно откриени се 240 нови мутации. Здравствените власти предупредуваат дека некои од тие варијанти се потенцијално позаразни и можат целосно да го избегнат имунолошкиот одговор на телото. Новите варијанти веројатно се причина за појавата на повеќе нови случаи на заразени во неколку индиски држави, меѓу кои Махараштра, втора најнаселена држава во Индија, каде што сенаоѓа и градот Мумбаи. Директорот на Индискиот институт за медицински науки, Рандип Гулерија, предупреди и дека некои од новите варијанти може лесно да се пренесуваат или потенцијално да бидат поопасни затоа што поседуваат т.н. механизам за бегство, кој потенцијално може да предизвика повторно заразување. Неколку окрузи во Индија од денес oдат во построг карантин.
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, вели дека пандемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година. Повеќе од 2.4 милиони луѓе во светот починаа од вирусот.
foto freepik
Можеби ќе ве интересира
Дури кон средината на март СЗО ќе објави податоци за потеклото на коронавирусот

Израел прогласи победа над коронавирусот, но лекарите се плашат од новите соеви

Сепак ќе одмараат само вакцинирани: Кипар од мај отвора врати за Британците кои примиле две дози

ИСТРАЖУВАЊЕ ВО 14 ЗЕМЈИ: Луѓето се повеќе им веруваат на вакцините, не се плашат од несакани ефекти

СПУТНИК V се повеќе ја добива довербата во Австрија

Ричи Пенг: Изградба на оптимални 5G мрежи со одржливи иновации

СЗО засега не поддржува воведување на ковид пасоши

СЗО: Бројот на новозаразени e зголемен за девет проценти во 53 европски земји
