Научниците тврдат дека има решение и за делта сојот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Јули, 2021
Подолг интервал помеѓу две дози на вакцината Фајзер е решение за делта сојот. Тоа му помага на имунолошкиот систем да создаде повеќе антитела, покажа британско истражување. Во текстот се додава дека разликата од осум недели дава најдобри резултати во борбата против делта сојот.
Експертите објаснуваат дека ова е во согласност со одлуката на Велика Британија да го зголеми интервалот меѓу двете дози, во однос на првичната препорака на Фајзер интервалот да биде три недели, јави Би-Би-Си.
Велика Британија прво го зголеми периодот меѓу двете дози на 12 недели, на крајот на 2020 година. Но, кога почна имунизацијата на помлади луѓе, на луѓето им беше препорачано да ја земаат втората доза по осум недели.
Делта сојот на коронавирусот е доминантен во 19 европски држави.
Податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Светската здравствена организација, собрани помеѓу 28 јуни и 11 јули покажуваат дека делта сојот е доминантен во 19 од вкупно 28 земји.
Делта сојот се шири брзо и кај младите луѓе. Сепак, вакцините помагаат да не дојде до фатални последици.foto unsplash.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.