11 Декември, 2025
0.0467

Наука во акција: Македонија2025 собра над 250 ученици на Регионалниот Саем за наука во Скопје

Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2025 18:15

Добивај вести на Viber

Скопје, 28 мај 2025 – Денес, поливалентниот простор на основното училиште „Љубен Лапе“ во Скопски Аеродром беше преполн со енергија, љубопитност и научна креативност. Регионалниот Саем за наука, организиран во рамки на проектот „Науката и Јас“, собра над 50 ученици-презентери од седум основни училишта (Скопје, н.Драчево, с. Отља – Липково и Кичево). Тие со голема посветеност ги споделија своите научни проекти и експерименти, додека во публиката присуствуваа над 250 основци од училиштето домаќин, но иод неколку училишта од општина Аеродром.

Преку интерактивни презентации и практични експерименти, учениците ги претставија резултатите од својата работа во областа на природните науки – географија, биологија, хемија и физика – инспирирајќи ги своите врсници и поттикнувајќи љубопитност и интерес за науката. Настанот беше дополнително збогатен со демонстрација на научни експерименти од страна на претставници на Џонсон Мети, кои го приближија светот на науката до учениците на интерактивен и инспиративен начин. Со воведни обраќања се обратија претставници на Џонсон Мети, Македонија2025, градоначалникот на општина Аеродром и директорката на училиштето „Љубен Лапе“ од Аеродром.

Саемот за наука е дел од поширокиот проект „Науката и Јас“, кој во изминатите две години опфати над 100 помлади наставници по природни науки од различни училишта и досега вклучи околу3500 ученици од цела Македонија. Проектот е поддржан од Џонсон Мети програмата за поддршка на заедницата и се реализира во партнерство со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

Менторството меѓу наставниците беше клучен сегмент на овогодишната програма – создадени се менторски парови, каде поискусни наставници ги поддржуваа своите помлади колеги во подготовката и реализацијата на наставата, како и во подготовката на учениците за научните саеми. Оваа соработка ја поттикна размената на искуства, знаења и иновативни пристапи во наставата и ја зајакна заедницата на наставници по природни науки.

Настанот уште еднаш ја истакна важноста на заедничката работа помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за подобрување на образованието во Македонија. Заедничките вложувања во научната писменост на младите се клуч за иднината на нашето општество.

Проектот „Науката и Јас“ продолжува со нови активности и научни авантури. Со задоволство Ве покануваме на следниот Регионален Саем за наука, кој ќе се одржи на 3 јуни 2025 година, со почеток во 12 часот, во поливалентниот простор на ООУ “Гоце Делчев” во Прилеп.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците

„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците

ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“

ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“

Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол

Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол

КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона

КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона

0% каматаааа целааа зимааа

0% каматаааа целааа зимааа

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“