29 Септември, 2024
0.0260

НАВАЛИ НАРОДЕ, СЕ НУДАТ АКЦИИ, ИМА И БАНКИ, ИМА И ФИРМИ - еве како и кога ќе се продава дел од запленетиот имот на Мијалков

Објавено во: Финансии 19 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Акции на ТТК Банка од Скопје, и тоа 533 на број, кои како процент на учество од банката се само 0,06 отсто, со почетна продажна цена од 1.380 денари за акција, потоа само 50 акции од винаријата Попова кула од Демир Капија, кои се речиси незначителен односно минорен процент акции на компанијата, а со почетна продажна цена од 16 денари за акција, па 7.108 обични акции на Стопанска банка Битола, кои се 1,84 отсто од вкупниот акционерски капитал на банката и се продаваат со почетна цена од 2.772 денари по акција, потоа 1.113 акции на Халк банка, кои како процент се 0,53 отсто од вкупната акционерска структура на банката, а со почетна продажна цена од 10.000 денари по акција, потоа 500 акции на Уготур, кои се само 0,06 отсто од капиталот на компанијата, а ќе се продаваат по цена од 24 денари по акција, 744 акции на Тутунски комбинат Прилеп, кои се 0,03 отсто од капиталот на компанијата и ќе се нудат со почетна цена од 51,13 евра од акција, потоа 592 акции на РЖ Услуги, кои се 0,04 отсто од капиталот на компанијата, а ќе имаат почетна продажна цена од 53 денари по акција, и 292 акции на Арцелор Митал, незначително учество, и ќе се продаваат за 4 денари по акција.

Ова се акции кои што ќе бидат ставени на аукција на Македонската берза, а се запленети од предметот „Империја“ и се во сопственост на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Акциите ќе бидат ставени за тргување на берзата по принципот „се или ништо“.

Инаку, овие акции на берзата ќе ги продава Агенцијата за управување со одземен имот, која располага со имот кој е запленет и кој треба да го продаде, а средствата да завршат во државниот буџет. 

За овие акции уште минатиот месец берше распишан оглас на веб страната на Агенцијата.

Ако се соберат почетните вредности, ќе излезе дека тие изнесуваат вкупно 268 илјади евра. Но, тоа е почетна вредност, а може да се постигне и повисока цена, што ќе се знае после аукцијата.

Инаку, треба да се има предвид уште еден детал во врска со оваа аукција, што се однесува околу акциите на трите банки кои се нудат на продажба.

„Со оглед на тоа што предмет на продажба се и акции издадени од банки – ТТК Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола и Халк Банка АД Скопје, потребно е да се има предвид дека согласно Законот за Банки, доколку некој од купувачите се стекне со квалификувано учество мора претходно да има добиено согласност од НБРСМ. Во Законот за банки е предвидено дека секое лице кое има намера, директно или индиректно, постапно или одеднаш, да стекне акции чиј вкупен кумулативен номинален износ изнесува или надминува 5, 10, 20, 33, 50 и 75 отсто од вкупниот број на акции, односно од вкупниот број на издадени акции со право на глас во банката, без оглед на тоа дали акциите ги стекнува само или заедно со други поврзани лица, директно или индиректно, е должно да поднесе барање до Народната банка за добивање претходна согласност“, се вели во огласот на Агенцијата за конфискација на имот.

Можеби ќе ве интересира

ЦУКЕРБЕРГ МУ СЕ ПРИБЛИЖИ НА ТРЕТИОТ НАЈБОГАТ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ: и официјално меѓу богаташите со над 200 милијарди долари

ЦУКЕРБЕРГ МУ СЕ ПРИБЛИЖИ НА ТРЕТИОТ НАЈБОГАТ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ: и официјално меѓу богаташите со над 200 милијарди долари

ПРОДОЛЖУВААТ САМИ И ТВРДАТ: СТАБИЛНИ СМЕ - се огласи Стопанска банка Битола: Депозитите се сигурни, населението продолжува да штеди

ПРОДОЛЖУВААТ САМИ И ТВРДАТ: СТАБИЛНИ СМЕ - се огласи Стопанска банка Битола: Депозитите се сигурни, населението продолжува да штеди

„ИНДИЈА ЌЕ ОСТВАРИ НАЈГОЛЕМ РАСТ“: ОЕЦД проектира раст на светската економија од 3,2 отсто годинава и следната година

„ИНДИЈА ЌЕ ОСТВАРИ НАЈГОЛЕМ РАСТ“: ОЕЦД проектира раст на светската економија од 3,2 отсто годинава и следната година

КОЈ ГЛАСАШЕ „ПРОТИВ“ И ЗОШТО ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ - еве од колку пари се откажаа акционерите што не сакаа Комерцијална да ја купи Стопанска банка Битола

КОЈ ГЛАСАШЕ „ПРОТИВ“ И ЗОШТО ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ - еве од колку пари се откажаа акционерите што не сакаа Комерцијална да ја купи Стопанска банка Битола

ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА КУПУВАЊЕ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - сакале да продадат само сопственици на 45 отсто од акциите, но тоа не е доволно

ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА КУПУВАЊЕ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - сакале да продадат само сопственици на 45 отсто од акциите, но тоа не е доволно

ЧУВАРОТ НА ШТЕДНИТЕ ВЛОГОВИ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ „ЗБОГАТИ“ ЗА ОСУМ И ПОЛОВИНА МИЛИОНИ ЕВРА - еве како пораснаа средствата на Фондот за депозити

ЧУВАРОТ НА ШТЕДНИТЕ ВЛОГОВИ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ „ЗБОГАТИ“ ЗА ОСУМ И ПОЛОВИНА МИЛИОНИ ЕВРА - еве како пораснаа средствата на Фондот за депозити

ЛЕКАРИТЕ ОВДЕ ЗАРАБОТУВААТ ПОВЕЌЕ ОКОЛКУ ВО ГЕРМАНИЈА, НО СЕПАК ЈА НАПУШТААТ ЗЕМЈАТА: Има само една причина зошто избираат да ги напуштат овие идеални услови

ЛЕКАРИТЕ ОВДЕ ЗАРАБОТУВААТ ПОВЕЌЕ ОКОЛКУ ВО ГЕРМАНИЈА, НО СЕПАК ЈА НАПУШТААТ ЗЕМЈАТА: Има само една причина зошто избираат да ги напуштат овие идеални услови

ОВОЈ ЧОВЕК ЈА „ОДРАЛ“ АВИОКОМПАНИЈАТА ЗА 20 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Нашол добар начин за тоа

ОВОЈ ЧОВЕК ЈА „ОДРАЛ“ АВИОКОМПАНИЈАТА ЗА 20 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Нашол добар начин за тоа

ИНТЕРЕСОТ ЗА КРЕДИТИ НЕ СТИВНУВА: порасна задолженоста, станбените кредити омилени, голема побарувачка и за автомобилските

ИНТЕРЕСОТ ЗА КРЕДИТИ НЕ СТИВНУВА: порасна задолженоста, станбените кредити омилени, голема побарувачка и за автомобилските