12 Мај, 2025
0.0266

ЧУВАРОТ НА ШТЕДНИТЕ ВЛОГОВИ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ „ЗБОГАТИ“ ЗА ОСУМ И ПОЛОВИНА МИЛИОНИ ЕВРА - еве како пораснаа средствата на Фондот за депозити

Објавено во: Финансии 24 Септември, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Чуварот на заштедите на граѓаните кои се наоѓаат во банките, а тоа е Фондот за осигурување на депозити, оваа година ќе биде побогат за осум и пол милиони евра од тоа што било планирано пред да започне оваа 2024 година.

Овие плус пари му ги донеле државните записи во кои Фондот ги пласира своите средства, а кои ги собира од банкарските премии што банките ги уплаќаат секоја година за да се гарантира безбедноста на штедните влогови на граѓаните.

Имено, Фондот за осигурување на депозити неодамна објави План за измени и дополнувања на првичниот Финансиски план што го имаше презентирано за оваа година, а од него се гледа дека овој чувар на граѓанските заштеди, ако претходно планирал во 2024 година да има вкупен биланс од 350,6 милиони евра, сега планира тој да се зголеми на 359 милиони евра, што всушност значи зголемување на својот вкупен биланс за 8,42 милиони евра.

Овој анекс на договорот Фондот го има објавено на својата веб страница, во делот на објавата на своите финансиски извештаи.

Од двата финансиски плана што се објавени, односно и од првичниот, и од изменетиот, може да се забележи дека овој вкупен биланс на фондот, и во стартните пресметки, но и во новите, во секој случај е поголем од вкупниот биланс што го имал во 2023 година, и тоа во првите пресметки за 8,24 отсто, а сега, со новонастанатата состојба, зголемнувањето во однос на лани е за 9,74 отсто.

Или, поедноставно кажано, во однос на лани Фондот за осигурување на депозити ќе биде побогат за 35 милиони евра, што, пак, е натфрлање на планот за осум и пол милиони евра.

„Планираниот пораст на Билансот најмногу се должи на учеството на државните записи во вкупната структура на средства“, се вели во образложението зошто се врши измена на првичниот Финансиски план на Фондот за осигурување на депозити.

Инаку, како што наведуваат од самиот Фонд за осигурување на депозити, структурата на средствата во неговиот Биланс на состојба ја сочинуваат четири групи на категории на средства, и тоа „Нематеријални средства“, каде влегуваат софтверски програми и слични права потребни за квалитетно извршување на деловните активности, како и „Материјални средства“, кои ги опфаќаат вредноста на сопствениот деловен простор заедно со опремата, односно основни средства во кои се остварува деловната активност на Фондот.

Потоа доаѓа елементот кој е всушност главен, но и кој најмногу пораснал и поради кој се прават измени на Финансискиот план за оваа година, односно „вложувањата“, кои се чуваат до доспевање и кои го сочинуваат инвестиционото портфолио на Фондот.

Според табелата на Фондот, вложувањата на Фондот се најголема ставка и тие се чуваат во дванаесетмесечни државни записи. Во моментов тие опфаќаат 98,83 отсто, а утврдената политика на инвестирање е тие да изнесуваат 99 проценти. Нивната сума е 346,6 милиони евра.

А, четврта категорија се „Парични средства, побарувања, разграничувања“, кои ги опфаќаат средствата кои се чуваат во Народна банка, во деловните банки за оперативни потреби и во благајната на Фондот. Воедно, во оваа група се вклучени и активните временски разграничувања.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

ПОЧЕТНА ПЛАТА 8.000 ЕВРА! Пратениците се со полни паричници, еве колку заработуваат во Германија

ПОЧЕТНА ПЛАТА 8.000 ЕВРА! Пратениците се со полни паричници, еве колку заработуваат во Германија

КРАЈ ЗА АИРБНБ? Градови низ целиот свет воведуваат забрани - Балканот е следниот на удар

КРАЈ ЗА АИРБНБ? Градови низ целиот свет воведуваат забрани - Балканот е следниот на удар

ЦЕЛА НИЗА НОВИ ДАНОЦИ И ПРОПИСИ: Ако патувате во Грција, бидете внимателни - воведени се многу построги правила

ЦЕЛА НИЗА НОВИ ДАНОЦИ И ПРОПИСИ: Ако патувате во Грција, бидете внимателни - воведени се многу построги правила

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Заработија 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Заработија 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите

НАРОДНАТА БАНКА ЌЕ БИДЕ ОВЛАСТЕНА КАКО ОРГАН ЗА РЕШАВАЊЕ НА БАНКИ - министерката Гордана Димитриеска-Кочовска во новото издание на банкарскиот е-билтен

НАРОДНАТА БАНКА ЌЕ БИДЕ ОВЛАСТЕНА КАКО ОРГАН ЗА РЕШАВАЊЕ НА БАНКИ - министерката Гордана Димитриеска-Кочовска во новото издание на банкарскиот е-билтен

КОЈ ПЛАТИ 152 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - поминаа два блока, ова е цената на акцијата

КОЈ ПЛАТИ 152 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - поминаа два блока, ова е цената на акцијата

СРПСКАТА АЛТА БАНКА ЈА „ПИКИРА“ СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - ова се деталите

СРПСКАТА АЛТА БАНКА ЈА „ПИКИРА“ СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - ова се деталите