29 Април, 2024
0.0282

Навалица од српско брашно во Македонија, мелничарите во паника, индустријата ќе колабира?

Објавено во: Агробизнис 16 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

По укинувањето на мерката за условен увоз на брашно, извозниците на брашно за македонскиот пазар се поредија на границите. Црното сценарио на мелничарите, дека ако мерката за условен увоз на брашно се укине порано од планираното македонскиот пазар ќе се преплави со евтино увозно брашно,  се исполни. Според информации од мелничарската индустрија, во текот на вчерашниот ден редици камиони со брашно од Србија се на граница и чекаат за влез во земјава. Се работи за околу  над 10.000 тони српско брашно, и тоа за почеток, а допрва ќе следуваат уште поголеми количини. Мелничарите се во паника. Итен состанок на мелничарите Затрупани со залихи од брашно и непродадена пченица, веќе го гледаат крахот на мелничарската индустрија. Во текот на неделава на итен состанок ќе одлучуваат што ќе превземат. Велат дека мерката за условен увоз на брашно не требаше да повлече предвреме, бидејќи според нивните информации пазарот со брашно сеуште не е стабилизран. Велат дека сега се немоќни да се справат со ситуацијата и ќе бидат принудени откупената пченица да им ја вратат на земјоделците бидејќи немаат пари за исплата.

„Ова што се направи сега е погубно за мелничарската индустрија. Мерката е пропишано дека треба да трае до 31 декември. Пазарот не е стабилизиран, ние имаме огромни залихи од брашно, имаме пченица која не ни е продадена. На терен има уште неоткупена пченица. Ние сега, бидејќи ова е крај за мелничарската индустрија, ќе ги повикаме земјоделците да си ја земат пченицата што им ја откупивме, бидејќи немаме пари како да им ја платиме“, вели Николчо Ѓорѓиев, претседател на групацијата на мелничко-пекарска индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Ситуацијата е погубна и за мелничарите и за земјоделците. Мелничарите ризикуваат да ги изгубат лиценците за откуп на пченицата, а земјоделците ќе останат со тони пченица по амбарите и без пшари за родот.

Неколку дена пред почетокот на трговската војна со Косово, мелничарите апелираа до министерството за земјоделство и до Владата, да не се укинува мерката за условен увоз на брашно предвреме, или ако дојде до тоа Владата да го субвенционира откупот на домашната пченица над 11 денари за килограм, колку што чини пченицата од соседството. Според проценките на мелничарите ако досега се откупени 150.000 тони пченица, тогаш од неа би се добиле 110.000 тони брашно, што е доволно за покривање на домашните потреби до февруари следната година.

Како дојде и зошто се укина мерката за условен увоз?

Мелничарите  имаа и состанок со ресорниот министер Љупчо Димовски на кој присутвуваа и земјоделците и таму ги соопштија предлозите. Средбата заврши без договор, со најава дека преговорите ќе продолжат во следните денови. Но истиот ден кога во ресорното министерство течеше маратонски состанок со мелничарите, вечерта Косово го стави ембаргото. Па од следниот ден проблемите на мелничарите паднаа во втор план, иако се почна од заштитната мерка  пченица и брашно. Во изминати денови додека траеше трговскиот спор со Косово, вниманието беше насочено како да се реши спорот, во меѓувреме мелничарите стравуваа токму од сегашната состојба.

Мерката за условен на пченица и на брашно се воведува три години. Оваа година се промени сразмерот, односно согласно одлуката, за увезен еден килограм пченица мелничарите ќе треба да откупат три килограми домашна пченица, а за еден килограм увезено брашно ќе се откупуваат четири килограми од пченицата од домашно производство. Мерката стапи на сила на 1-ви јули годинава со важност до 31-ви декември. Но плановите ги поремети Србија. Неколку дена уште пред воведувањето на мерката најави дека ќе го ограничи увозт на македонски производи. Два месеци Белград и Скопје преговараа за укинување на мерката, а пробелмот стигна и до седница на Комитетот на ЦЕФТА.

На седницата членките на ЦЕФТА ја повикаа Македонија да ја укине мерката во разумен рок. Мерката за условен увоз на пченица се укина на 2-ри овој месец, а уште тогаш Владата најви дека во првата половина на овој месец ќе биде укината и мерката за условен увоз на брашно. На ваквата информација остро реагираа мелничарите, кои веднаш побраа мерката за брашно да не се укинува предвреме, но залудно.

Над 80 отсто од брашното во земјава доаѓа од Србија.  Во последните година и половина во Македонија се увезени 153.000 тони пченица и 70.000 тони брашно што сериозно го наруши домашниот пазар и позицијата на македонското брашно, кое не може да му конкурира на евтиното српско брашно.

Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?