18 Мај, 2024
0.0303

НАВЕЧЕР ПАРКОВИТЕ И ИГРАЛИШТАТА ПОЛНИ СО ДЕЦА, НАУТРО КЛУПИТЕ ПРАЗНИ: Штрајкот на СОНК излегува од контрола, родителите се закануваат со тужби

Објавено во: Македонија 28 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Летниот распуст за учениците почна два месеци пред крајот на школската година, велат граѓаните, под чии прозорци се собираат групи деца и тоа во доцните вечерни часови. „Наместо ова време да спијат, и да бидат одморени за да можат наредниот ден со бистра глава да одат во училиште, велат граѓаните, децата денот го поминуваат во спиење и денгубење, а навечер се дружат. Родителите сметаат дека целата ситуација со штрајкот на СОНК излегува од контрола и се заканија со приватни тужби. Ова се дел од изјавите на револтирани и крајно загрижени родители на ученици и во основно и во средно училиште со кои разговараше Фактор.

-Дали некој гледа што се случува или странските организации треба да ни кажуваат дека сме едно големо дно, посебно во образовниот процес. Ова дефинитивно излегува од секаква контрола и јас заедно со уште стотина родители ќе поднесеме приватна тужба. Ги осакатија децата во секој поглед. Навечер не можат да се приберат. Паркот од спротива е преполн и во 11 навечер и на полноќ.

- Каде во светот просветни работници одлучуваат да прекинат со работа без воопшто да се консултираат со родителите на децата кои остануваат без настава. Каде во светот некои си дозволуваат да не работат со недели недели без при тоа да не сносат никакви санкции. Што да кажеме ние родителите на првачињата, на децата во второ, трето одделение. Каде да ги оставиме. Значи се претера во секоја смисла.

- Мојот син, не велам дека тоа е оправдано, нема баш некои сјајни оценки кои мора да ги поправа. Сиот овој период се подготвува, материјалот целосно го помина, го совлада, но со штрајкот на СОНК, најгрубо му е прекршено правото да одговара, да прави тестови, едноставно да учи. Навистина стваувам до кога ќе трае оваа агонија. Кога мојот син, па и уште илјадници други деца ќе ги поправаат оценките. Ова секако ќе се одрази на крајниот успех, но и понатаму.

- Да немаше договор ќе разберев. Но, беше објавено дека е постигнат договор за зголемување на нивните плати од 12 отсто и дека толку може да поднесе буџетот во криза. Не разбирам зошто се продолжува со штрајкување кога веќе е одобрено значително зголемување на нивните плати.

За тешките последици од предолгото штрајкување во образованието УНИЦЕФ уште вчера алармираше дека мора да се преземат мерки за да се спречи создавање на идна изгубена генерација.

 „УНИЦЕФ е сериозно загрижен поради продолжениот прекин на наставата и повикува да се преземат мерки со кои ќе се овозможи децата од основното и средното образование да ја надоместат изгубената настава веднаш откако ќе се вратат на училиште. Пропуштеното мора да се надомести за да се избегнат долготрајни штети по добросостојбата и продуктивноста на децата. Со години наназад, Северна Македонија се соочува со криза во учењето при што повеќе од половина од учениците на петнаесетгодишна возраст не ги постигнуваат основните нивоа на знаење по читање и математика. Згора на тоа, не беа воведени програми за надоместување на пропустите во наставата предизвикани од затворањето на училиштата поради КОВИД-19 и учењето на далечина. Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој на државата. На матурантите ќе им треба дополнителна поддршка да го совладаат материјалот за да може непречено да го продолжат своето школување во повисоките нивоа на образование.

За разлика од УНИЦЕФ во чиј фокус се секако децата, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, освен што бара Министерството за образование и наука да го почитува уставно загарантираното право на образование на секое дете (со цел да не се прекршува правото на образование), бара да се почитува и уставно загарантираното право на штрајк.

-Да се изнајдат под итно можности да се испочитуваат правата и на децата и на наставниците! Со непочитувањето на правото на детето на образование и правата на наставниците на штрајк се прекршуваат не само Уставот, туку и Конвенцијата за правата на детето и конвенциите на Меѓународната организација на трудот, чиишто потписничка е Македонија. Правото на штрајк е загарантирано со Уставот. Веруваме и се надеваме дека ќе постигнат соодветен договор претставниците на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука. Сметаме дека  наставници чиј труд се вреднува соодветно, можат да овозможат квалитетно образование а ние како граѓани и како општество треба да поттикнеме достоинството на оваа професија да биде почитувано. Правото на образование не се однесува само на тоа децата да одат во училиште туку и на квалитетот на самото образование. (Член 28 и 29 од Конвенцијата за правата на детето, Член 4 Закон за основно образование). Штрајкот укажува на незадоволството кое постои кај образовниот кадар и позицијата во која се наоѓа самото образование, оттаму за тие проблеми треба да се најдат решенија и тешко е да се најде соодветно време кое не би го попречило наставниот процес а штрајкот да биде сериозно сфатен. Околу вклученоста на децата, децата гледаат дека нешто се случува па ова е можност да се разговара со нив за причините и барањата поврзани со штрајкот на нивните наставници, на соодветен начин согласно возраста и зрелоста. Според последните измени од Законот за образование, одработувањето на часовите во саботите, се укина бидејќи се покажа како непродуктивно. Веруваме дека наставниците успешно ќе го менаџираат своето време за да го надополнат пропуштениот материјал во согласност со годишниот план и програма. Се надеваме дека штрајкот ќе придонесе сите учесници во образовниот процес да бидат задоволни (учениците, родителите и наставниците) од постигнатите резултати и нема да придонесе за одземање/прекршување или попречување на нивните права, посочија од „Меѓаши“ за Фактор.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност