Навршија три години од протестот за слобода на Кежаровски
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2016
Пред три години на денешен ден се одржа протестот за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.
Новинарите беа спречени од силни полициски сили да одржат мирен протест пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност. На одбележувањето на денот се огласи и новинарот Томислав Кежаровски кој напиша дека никој не успеал да му застане на пат на слободоумниот човек.
„Полицајците вооружени со пиштоли и автоматски пушки им се спротиставија на новинарите “вооружени” со пенкала в раце. Јалови Ви се обидите преку напади и заплашување да не попречите да информираме за вистината“- вели Кежаровски.
Тој ги повика колегите утре да му се приклучат на плоштадот Филип Втори, кај Музејот на ВМРО каде што пред три години се одржа протестот за негово ослободување.
Тој беше осуден на 4 и пол години затвор за наводно оддавање идентитет на заштитен сведок. Новинарски здруженија од земјава и странство побараа негово ослободување.