Назначен е втор извршен директор во „Еуролинк Осигурување“
Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2013 17:58
„Еуролинк Осигурување“ постави уште еден Извршен директор, соопштија од компанијата. Ваквата одлука треба има за цел зајакнување на позицијата на Друштвото на пазарот на осигурување, како и унапредување на внатрешните системски процеси што треба да доведат до зголемена проактивност и конкурентност на долг рок .
За нов Извршен директор е поставена Марија Томеска, магистер по менаџмент и управување со ризици на реномираниот „London School of Economics“, која е вработена во Друштвото веќе 10 години и повеќегодишен директор на Секторот за осигурување и реосигурување.
Со финализирање на законската постапка за стапување на должност на новиот Извршен директор, од 5-ти јуни , „Еуролинк“ има двајца Извршни директори.
„Еуролинк Осигурување“ во моментов е на втората позиција на пазарот на осигурување во Македонија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





