06 Октомври, 2024
0.0246

НБРМ донесе одлуки со кои се менува концептот за снабдување со готовина

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Осмата седница на Народна банка донесе три одлуки поврзани со условите и начинот за снабдување, замена и проверка на автентичноста на книжните и кованите пари.

„Со овие одлуки се менува концептот за снабдување со готовина, при што, покрај досегашните учесници во циклусот на движење на готовината - банките, се предвидува и можноста за вклучување други правни субјекти, центри за готовина, како дополнителна алка во синџирот на дистрибуција и операции со готовина. Ваквата измена на регулативата, всушност претставува децентрализирање на досегашниот модел на снабдување со готовина, со што  се овозможува и вклучување на небанкарскиот сектор во процесот на снабдување со готовина и поттикнување и создавање конкурентни услови на пазарот за обезбедување готовински услуги.

Одлуката за начинот и условите за замена на книжните и кованите пари што станале несоодветни за оптек ги пропишува критериумите за препознавање и селектирање на книжните и на кованите пари и примена на утврдената постапка за замена на парите кои се идентификувани како несоодветни за оптек при обработката, од страна на учесниците во реорганизираниот модел за снабдување со готовина“, велат од НБРМ .

Според оваа нова одлука би се добил рамноправен третман со банките во сите сегменти од доменот на готовинските операции.

Новиот пакет на подзаконски акти од областа на готовинското работење има директни импликации за донесување на Одлуката за дополнување на Одлуката за единствената тарифа на надоместоците за услугите што ги врши Народната банка на Република Македонија, во делот кој ја регулира обврската за плаќање на надоместок на издадената готовина на банките и центрите за готовина, како директни учесници во реорганизираниот систем на готовинско работење.

Советот ја донесе и Програмата за истражувачката активност во периодот 2016-2018 година. Истражувањата предвидени за тригодишниот период треба да  дадат поддршка на процесот на одлучување, да придонесат за поуспешно функционирање на Народната банка и за соочување со идните предизвици. Воедно, предвидените истражувања и анализи треба да придонесат кон натамошно осовременување на работењето на Народната банка и подготовка за идното учество во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ).

На денешната седница Советот на Народната банка на Република Македонија, врз основа на предвидениот распоред и динамика на активностите, ја усвои Одлуката за издавање и Одлуката за пуштање во оптек на кованата пара за колекционерски цели „Владимир’’ од серијата „Ден на Ангел’’. Оваа кована пара е со апоен од 100 денари во количина од 5000 парчиња.

Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта