07 Октомври, 2024
0.0296

НБРМ: Економијата закрепнува, ризик – политичките случувања

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Од НБРМ соопштуваат дека закрепнувањето на економијата се одвива солидно без ценовни притисоци.

Индикативните високофреквентни податоци за првиот квартал на 2015 година покажале раст на домашната економија а инфлациски остварувања од мај покажуваат задржување на позитивната годишна стапка на промена втор месец последователно, и со тоа намалување на ризиците од продолженото намалување на цените.

Девизните резерви забележале намалување во периодот април - јуни.

Последните податоци за надворешната трговија заклучно со април навестуваат нешто повисок трговски дефицит, но периодот на оцена од еден месец е многу кус за да се дадат посигурни констатации во овој домен. Истовремено, нето-откупот од менувачкото работење заклучно со втората декада на мај, дава сигнал за нешто пониски приватни трансфери, во однос на очекуваните за вториот квартал согласно со априлската проекција. Анализата на показателите на адекватност на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се движат во сигурна зона.

Во мај ликвидноста на домашните банки се намали под влијание на автономните фактори,во најголем дел како резултат на зголемената побарувачка на готови пари, при исплата на субвенции за земјоделство и на други сезонски ефекти. Банките го намалија износот на пласирани краткорочни вишоци во депозити кај Народната банка, додека на пазарите на пари беше регистрирана зголемена трговска активност и натамошно намалување на каматните стапки.

Општо земено, најновите оцени на НБРМ не упатуваат на големи промени во амбиентот за спроведување на монетарната политика. Показателите за адекватност на девизните резерви и натаму остануваат во сигурна зона. Економскиот раст е солиден и нема ценовни притисоци. Движењата на кредитниот пазар веќе подолг период генерално  се поволни, укажувајќи на релативно ефикасна трансмисија на досегашните монетарни мерки врз кредитната активност и постабилни очекувања на домашните банки. При вакви економски услови, НБРМ во следниот период главно ќе биде насочена на следење на остварувањето на проектираната патека на девизните резерви и случувањата на девизниот пазар и ќе ја приспособува монетарната политика соодветно на тоа.

Ризиците во овој период се комбинација на надворешни ризици и ризици предизвикани од домашните политички случувања. Притоа, гледано од аспект на надворешните ризици, во овој период повторно се актуализираат проблемите со должничката криза на Грција, што ја нагласува присутната неизвесност во окружувањето. Во однос на домашните ризици, иако засега не се регистрирани неповолни ефекти од овие случувања врз економијата, сепак одредени показатели даваат првични неповолни сигнали, што упатува на потреба од поголема внимателност и следење на сите текови.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип