НДМ загрижени дека со сеалбанската платформа Косово и Албанија ни објавиле војна
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2017 14:55
Народното движење за Македонија кое е познато по своите ултрадесиничарски ставови ја осуди декларацијата која ја донесоа партиите ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците што може да претставува директно загрозување на македонските државни интереси.
„Ова особено добива на сериозност ако се знае дека според правилата на општото меѓународно задолжително право, ваквиот атак на Албанија и Косово спрема македонскиот суверенитет и интегритет се смета за објава на војна и загрозување на меѓународниот мир и безбедност.
Оттука, НДМ смета дека е созреан условот Владата на Република Македонија во согласност со своето меѓународно правно-признато право да му обрне внимание на Советот за безбедност на Обединетите нации за овие загрозувачки активности на Албанија и Косово по мирот и безбедноста како орган чија примарна надлежност според Повелбата на ОН е меѓународниот мир и безбедност.
Истовремено, НДМ ги повикува Груевски и Заев како најодговорни во моментот за опстанокот на земјата да се вразумат и веднаш да усвојат национален документ за виталните национални и државни интереси во кои никој нема да чепка без оглед кој победува на избори и составува влада.
Во овој контекст, како појдовна основа да послужи Меморандумот за Македонија кој на 4 јануари претседателот на НДМ Јанко Бачев им го достави лично на Груевски и Заев, а со кој се обезбедува опстанокот на земјата.
Всушност, токму недозволивото превирање меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за прашањата од највисок национален интерес ја постави сцената за ваквото однесување на Албанците во регионот“, се вели во реакцијата на НДМ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




