13 Февруари, 2025
0.1387

„НЕ БИДТЕ СЛЕПИ, ГЛУВИ И НЕМИ“: ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЕУРОНИКЕЛ ПОВТОРНО ПРОЕСТИРАА: Од понеделник доаѓаат во Скопје

Објавено во: Економија 01 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Нема да дозволиме фабриката по 40 години да згасне како старо железо, се вели во отвореното писмо, кое денеска го испратија од синдикалната организација на „Еуроникел индустри", до премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, директор на Управа за јавни приходи и до Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци.

- Седми ден откако стоиме надвор на патот и бараме да ги исполните вашите законски обврски, да го вратите ДДВ-то за месец август чие плаќање го доцните повеќе од месец дена, а сега веќе и септемвриското ДДВ стигна за враќање. Ние веќе немаме здраствено осигурување. Наши колеги не можат да си препишат редовна терапија, операции на наши деца не можат да се извршат заради немање здраствено осигурување, наши колешки не можат да го остварат правото на породилно отсуство - се вели во писмото испратено и до медиумите.

Оттаму информираат дека денеска  повторно ќе бидат на блокада на патот Градско-Прилеп.

- Но следната недела ќе дојдеме во Скопје пред Влада, можеби тогаш ќе го слушнете нашиот глас. Ние нема да се откажеме, тоа се наши пати, наша егзистенција. Нема да се откажеме од нашата фабрика, работеше 40 години и натаму ќе работи - порачуваат тие.

Од Синдикатот нагласуваат дека не бараат милостина. 

- Бараме да се исплати ДДВ-то што и се должи на фирмата и што сте должни по закон да го исплатите, за да може вработените да земат плата, да добијат здраствено осигурување. Покажете доблест и грижа за нас, вашите граѓани. Ние сме ваша одговорност како граѓани, не разбираме која е целта и намерата за намерно држење на средства кои за нас се единствен извор на егзистенција. Со години го полневме државниот буџет, не заслужуваме ваков однос. Не бидете слепи, глуви и неми на нашите барања - порачуваат од Синдикатот. 

Како што објави Фактор, се шпекулира дека ИГМ Трејд макар и времено би можела да биде покровител за спас односно за одржување во живот на гигантот „Еуроникел индустри“ (поранешниот ФЕНИ). Добро упатени извори посочуваат дека банката најголем доверител преговара за ФЕНИ со сопственикот на ИГМ Трејд – една од најголемите и најуспешни македонски компании

Можеби ќе ве интересира

ЧОКОЛАДИТЕ ПОСКАПУВААТ ВО СВЕТОТ: Производителите објаснија зошто цените мора да се зголемат

ЧОКОЛАДИТЕ ПОСКАПУВААТ ВО СВЕТОТ: Производителите објаснија зошто цените мора да се зголемат

МИЦКОСКИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА МАРЖИТЕ: Oчекувам намалување на цените на производите

МИЦКОСКИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА МАРЖИТЕ: Oчекувам намалување на цените на производите

ВО СРПСКИТЕ ПРОДАВНИЦИ СНЕМУВА КАФЕ: Koи се причините?

ВО СРПСКИТЕ ПРОДАВНИЦИ СНЕМУВА КАФЕ: Koи се причините?

СЕ ОГЛАСИЈА ОД „МАКСТИЛ“ КОИ ИМААТ ЗА ЗЕМАЊЕ 4,2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СОЛИДАРНИОТ ДАНОК: Подготвени сме да разговараме за враќање на рати

СЕ ОГЛАСИЈА ОД „МАКСТИЛ“ КОИ ИМААТ ЗА ЗЕМАЊЕ 4,2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СОЛИДАРНИОТ ДАНОК: Подготвени сме да разговараме за враќање на рати

ХРВАТСКИ ПОРТАЛ: ПРОВЕРЕТЕ ГИ СВОИТЕ ЛИВЧИЊА, ОСВОЕН Е ЕВРОЏЕКПОТОТ - 88 милиони евра одат во германска покраина во која живеат голем број Хрвати

ХРВАТСКИ ПОРТАЛ: ПРОВЕРЕТЕ ГИ СВОИТЕ ЛИВЧИЊА, ОСВОЕН Е ЕВРОЏЕКПОТОТ - 88 милиони евра одат во германска покраина во која живеат голем број Хрвати

Мизо: Странските инвеститори очекуваат намален број на нарачки

Мизо: Странските инвеститори очекуваат намален број на нарачки

НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари

НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари

ДРАГАН ШОЛАК ГИ ПРОДАДЕ СББ СРБИЈА, СПОРТ КЛУБ СРБИЈА, ТОТАЛ ТВ И НЕТ: Новиот сопственик е Телеком Србија

ДРАГАН ШОЛАК ГИ ПРОДАДЕ СББ СРБИЈА, СПОРТ КЛУБ СРБИЈА, ТОТАЛ ТВ И НЕТ: Новиот сопственик е Телеком Србија

ЕСМ купува јаглен од концесионер кој копа во близина на РЕК Битола

ЕСМ купува јаглен од концесионер кој копа во близина на РЕК Битола