14 Февруари, 2025
0.0299

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

Објавено во: Македонија, Агробизнис 24 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) излезе со соопштение по добивањето на известување од системот за брзо известување на ЕУ (RASAFF – Window) од Република Хрватска во врска со пратка на свеж кељ (brassica oleracea var sabauda), што била идентификувана како небезбедна од страна на хрватската царинска служба при увозот. 

Првично, од ДИЗ потенцираа дека во медиумите се појавија соопштенија што не се точни бидејќи посочуваат на пратки на зелка, а во конкретниов случај станувало збор за свеж кељ. 

- Според хрватскиот извештај, се утврдило присуство на забранета активна материја imidacloprid во производот, што од 1.12.2020 во рамки на регулативата на ЕУ 2020/1643 е забранета за употреба. Извозот е остварен на 9.1.2025 година, а пратката што била задржана на граничниот премин е со вкупно количество од 2.700 килограми - наведуваат од ДИЗ во денешното соопштение.

По добивањето на оваа информација, ДИЗ извршил 20 вонредни контроли од страна на внатрешни фитосанитарни инспектори кај регионалниот откупувач и извозник. Притоа, констатирано било дека земјоделскиот производ свеж кељ е откупен од земјоделско стопанство во селото Јосифово, Валандово.

- Инспекцискиот надзор беше спроведен кај 20 земјоделски стопанства меѓу кои и производителот од каде потекнува свежиот кељ и земени се мостри за да се утврди дали има присуството на забранената активна материја. По добиениете резултати од државната фитосанитарната лабораторија беше констатирано дека нема присуство на ниту една забранета активна материја во земените примероци. Во рамки на акцијата беа изречени решенија за водење на евиденција и глоба во износ од 700 евра, по истиот основ - се додава во соопштението.

Во изминатите денови биле извршени дополнителни проверки и анализи.

Директорот на ДИЗ, Васе Анакиев апелираше дека водењето на листа за евиденција на третирање на растенија и растителни производи е задолжително.

- ДИЗ во континуитет ги следи сите аспекти на безбедноста на земјоделските производи што се извозуваат или увезуваат во нашата држава. Нашата основна задача е да обезбедиме гаранција дека производите што ги испорачуваме на странските пазари, како и оние што ги увезуваме, не содржат забранети или опасни активни материи што можат да претставуваат ризик за здравјето на луѓето. Во случајот со кељот извезен во Хрватска, по извршените контроли и анализи, можеме да потврдиме дека нема присуство на опасни материи. Но и понатаму ќе продолжиме со интензивни надзори за да осигуриме безбедност на сите земјоделски производи во нашата држава - додаде Анакиев.

Иако во државава, наведуваат од ДИЗ, пазарот на пестициди што содржат imidacloprid е веќе регулиран и понатаму се изведуваат редовни и вонредни инспекциски надзори.

- На овој начин, се осигурува оти земјоделците ги следат законските регулативи и дека не се користат забранети хемикалии што можат да доведат до затруени производи. За дополнителни информации, граѓаните се упатуваат да ги следат сите нови извештаи и да се консултираат со надлежните органи - истакнуваат од ДИЗ во денешното соопштение. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

„ДА БЕШЕ ЖЕНА КОЈА КОРИСТИ БОТОКСИ И ФИЛЕРИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛИЧИ НА УНАКАЗЕНА ЖЕНА ОД НАДРИЛЕКАРИ И ПАЗАРЏИИ ЗА СИТНА ПАРА“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб

„ДА БЕШЕ ЖЕНА КОЈА КОРИСТИ БОТОКСИ И ФИЛЕРИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛИЧИ НА УНАКАЗЕНА ЖЕНА ОД НАДРИЛЕКАРИ И ПАЗАРЏИИ ЗА СИТНА ПАРА“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ЗА ФРОСИНА, ЗА ИГОР ЈУГ И ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски сподели како се контролираат возачите во Унгарија, а го кажа ставот и за осудените за 27 април

ЗА ФРОСИНА, ЗА ИГОР ЈУГ И ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски сподели како се контролираат возачите во Унгарија, а го кажа ставот и за осудените за 27 април

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА Ѝ ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА Ѝ ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

ЕВЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

ЕВЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

„НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО НА ГРБОТ НЕМА ДА ДОНЕСЕ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД“: Се огласи Макрадули за државниот грб и неговата измена

„НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО НА ГРБОТ НЕМА ДА ДОНЕСЕ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД“: Се огласи Макрадули за државниот грб и неговата измена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!