26 Ноември, 2024
0.0276

„НЕ ДЕКА МВР ЌЕ КАЗНУВА“: Ако имате возачки со старото име, од утре не смеете да возите - Тие НЕМА да важат! Еве што вели министерот Тошковски

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Околу возачките дозволи, ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета, информираа вчера од МВР.

„ Во однос на налепниците НМК за регистерските таблички, повторуваме дека тие се комплетно бесплатни за граѓаните, а секоја евентуална злоупотреба односно било какво наплаќање ќе биде ригорозно санкционирано. Граѓаните можат во било која станица за технички преглед да отидат со возилото и сообраќајната дозвола и од страна на контролор од станицата за технички преглед ќе им бидат залепени налепниците на регистерските таблици“, рекоа од МВР.

Министерот Панче Тошковски во интервју на телевизија Канал 5, синоќа истакна граѓаните со возачки дозволи со старото име да не управуваат моторни возила.

-  Да не управуваат ниту во Македонија, ниту надвор од Македонија. Не дека МВР ќе казнувало, тоа не е суштината. Суштината е дека ако се случи некоја сообраќајна несреќа осигурителните компании ќе имаат право на регрес, само заради основот што возачката дозвола повеќе е не важечка, рече Тошковски.

Тошковски информира дека со лична карта со старото име ќе може да се излезе кон Србија, Албанија и Косово, но не може да гарантира дека пограничните власти во тие земји ќе ги пропуштат граѓаните.

Она што го предлага, според Тошковски е согласно сите меѓународни акти кои ги гарантираат основните човекови прави.

- Со тоа што ќе забраниме излез на македонските граѓани го кршиме основното човеково право на движење... државата ќе треба да плати надомест за штета на секој еден граѓанин, на кој ќе му оневозможи да излезе од државата, а е со валидна патна исправа од аспект на втиснат датум, со старо име. Тоа го имаме од една страна, а од друга страна, нема кршење на меѓународни договори ако се усогласат техничките рокови од Преспанскиот договор врз основа на објективните човекови и технички капацитети на Република Македонија. Во секој случај само може да ја исполниме суштината на истиот, а во никој случај да ги прекршиме техничките рокови, посочи Тошковски.  

Со меѓународен билатерален договор, според Тошковски, не смее да се кршат човекови права и, како што посочи, ова е резултат на незнаење и неодговорност на властите.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав