Не дојава за бомба, туку заборавен телефон одложи лет на скопскиот аеродром
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2016
По малата паника која се крена за наводна дојава за бомба на скопскиот аеродром, Агенцијата за цивилно воздухопловство појасни дека нема никакви причини за тревога, бидејќи вонредната интервенција на обезбедувањето била преземена поради заборавен мобилен телефон.
Тогаш се активирале мерки за обезбедување при што била направена дополнителна безбедносна проверка на авионот, пред да влезат новите патници на авиокомпанијата Туркиш Ерлајнс. Заборавениот телефон го пронашол екипажот на леталото.