Не е само Германија, уште една земја влезе во рецесија
Објавено во: Економија 26 Мај, 2023 15:44
Германија не е единствената земја која влезе во рецесија. И Тајван е во рецесија.
Економијата на Тајван е во рецесија, покажа денеска статистиката, одразувајќи ја слабата странска побарувачка во услови на повисоки трошоци за задолжување и зголемени тензии во односите меѓу САД и Кина.
СВЕТТајван во рецесијаОбјавено пред 13 минути - 26 мај, 2023Од Макфакс
Економијата на Тајван падна во рецесија, покажа денеска статистиката, одразувајќи ја слабата странска побарувачка во услови на повисоки трошоци за задолжување и зголемени тензии меѓу САД и Кина.
Во првите три месеци од годинава, БДП на Тајван е намален за 2,87 отсто во споредба со истиот период лани. Тоа е најлош резултат од 2009 година.
„Иако стапката на економски раст беше негативна, домашната побарувачка беше доста добра“, изјави за новинарите Цаи Хунг-кун, заменик директор на агенцијата за статистика, нагласувајќи дека стапката на невработеност е на најниско ниво во повеќе од 20 години.
Годинава БДП треба да се зголеми за 2,04 отсто. Се смета дека извозот годинава ќе се намали за 7,27 отсто, откако странската побарувачка се намали во април осми месец по ред.
Германија официјално влезе во рецесија. Економското производство се намали за 0,3 отсто во текот на првиот квартал од годината – втор квартал по ред со намалување на бруто домашниот производ.
foto Wikipedia/Ocean taiwan
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




