29 Септември, 2024
0.0251

Не е табу тема! Колкава е платата на извршниот директор на ОКТА, најголемата нафтена компанија во Македонија?

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

ОКТА е најголема компанија за трговија на големо со горива, а воедно и е најтранспарентна затоа што е единствена која го објави износот на годишни примања на својот извршен директор. Иако е обврска за сите компании согласно со Законот за трговски друштва, речиси без исклучок сите големи и успешни компании платите на врвните директори ги прикажуваат како агрегатен т.е. збирен податок. За жал и по 30 години корпоративна историја големите домашни менаџери не се пресрамија и платите ги кријат како „змија нозете“

Вук Радовиќ, е менаџер и извршен директор на најголемата македонска компанија за трговија на големо со нафтени деривати, кого ОКТА лани го награди со 106.000 евра бруто износ. Во овој износ е содржана неговата годишна плата и бонусот за успешна работа. Оваа информација е содржана во Годишниот извештај за работењето на ОКТА во 2021 година, документ што беше достапен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Таму е наведено дека годишната бруто плата на извршниот член на Одборот на директори лани изнесувала 86.000 евра. Како бонус за успешното работење Радовиќ е награден со 20.000 евра во бруто износ од својата компанија.

ОКТА во својот Одбор на директори има осум членови од кои еден е извршен директор. Другите седумина членови на Одборот се странски државјани поточно Грци и се претставници на најголемиот акционер ЕЛ.П.ЕТ Балканике Петролеум.

Тие меѓу себе поделиле награда од 106.000 евра.

ОКТА минатата година имаше приход од продажба кој изнесува 425 милиони евра. Од официјалните податоци забележлив е огромен раст на приходите од продажба во однос на 2020 година што е резултат на намалените рестрикции за патување кои ги предизвика ковид кризата. Минатата година ОКТА продала горива за 175 милиони евра повеќе од остварената продажба во 2020 година. Минатата година добивката на ОКТА од редовно работење изнесува 7,7 милиони евра, а нето добивката 6,1 милиони евра.

ОКТА од своето успешно работење лани на сите свои акционери им подели дивиденда во бруто износ од по 73 денар за акција. Ист износ компанијата на акционерите им подели и за работењето во 2020 година, а најголема дивиденда акционерите на ОКТА добија за работењето во 2019 година – таа изнесуваше 146 денари за акција.

Најголем акционер во ОКТА е грчката државна нафтена компанија Хеленик Петролеум ЕЛ.П.ЕТ која поседува 81,5 отсто од акциите. Втор по големина акционер е домашната компанија за трговија на големо со нафтени деривати „Пуцко Петрол“ која има 10,9 отсто од акциите со право на глас. Над 1.270 домашни физички лица, според официјалните податоци на ЦДХВ, поседуваат 6,9 отсто од акциите во ОКТА.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија