20 Декември, 2025
0.2791

Не еден, не два, туку три стана ќе дава Владата, Ставревски ги повика граѓаните да ги наполнат рацете со фискални

Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2013 18:30

Добивај вести на Viber

По повод стартот на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, министерот за финансии, Зоран Ставревски денеска на прес-конференција соопшти дека наградниот фонд ќе биде проширен. Наместо предвидените два дуќани и еден стан ќе бидат доделени три стана и три дуќани, сместени на улицата „Трета ударна бригада“ во општината Аеродром. Становите ќе бидат со површина од 52 метри квадратни, а дуќаните ќе бидат по 30 метри квадратни. Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните кои уште од објавувањето на наградната игра започнаа со собирање на фискални сметки, Државната лотарија на Република Македонија ќе ги прифати и оние фискални сметки издадени по 15-ти ноември. Секој граѓанин може да испрати неограничен број на пликоа со по 20 фискални сметки во нив. Фискалните сметки треба да бидат ставени во бел плик со стандардна големина, заедно со бел лист на кој ќе бидат испишани името и презимето на испраќачот, адресата и телефонскиот број. Името и презимето на учесникот во никој случај не треба да се пишуваат на ковертот, односно на задната страна на ковертот треба да стои испишана само адресата на Државната лотарија на Македонија: Бул.„Гоце Делчев“ бр.8 , Поштенски фах 363, со нзнака - За наградната игра „Фискална во рака – награда без мака". „Би сакал да им порачам на граѓаните да ги наполнат рацете со фискални, бидејќи наградите се навистина вредни и бројни. Секојдневно за наградната игра може да се информирате на веб страната на Министерството за финансии и на Државната лотарија на Република Македонија, но и преку кусите емисии кои ќе одат секој понеделник на МРТ после вторниот дневник,“ порача Ставрески. Целта на наградната игра е на позитивен начин да се подигне степенот на издавање на фискални сметки. И за производ од 5 и за производ од 10 денари да се добие фискална сметка, потенцираше Ставрески. Трите стана и трите дуќани се обезбедени од страна на Владата на Република Македонија од државните станови и деловни рпостории, кои ги гради акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии