06 Октомври, 2024
0.0251

(Не) еднаквост на можности

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

profileСиромаштијата и нееднаквоста во Македонија имаат незначително подобрување во последните години. Подобрувањето е главно водено од трансферите за пензии (лев график). Но, најранливите и исклучените семејства не го чувствуваат ова подобрување. пишува Благица ПетрескиИзвршен директор на Finance Think Стапката на сиромаштијата кај невработените е 44% (десен график), кај самохран родител со издржувани деца е скоро 30%, а кај домаќинства со двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца е скоро  50%. За разлика до пред неколку години, кога за овој проблем многу малку се зборуваше, сега забележуваме поголема свест и дебата дека овој проблем постои. Но, реално, не се преземаат (или се многу малку) мерки кои ќе го решат на долг рок. Од досега преземените мерки, сите се главно парични: незначително зголемување на социјална помош, детски паричен додаток, паричен додаток за инвалидитет, еднократна парична помош. Паричните бенефити ги ублажуваат проблемите, но не ги решаваат трајно бидејќи не им вградуваат вештини на луѓето, не им ја зголемуваат нивната интегрираност во опшеството, самоодржливост  и можноста за излегување од сиромаштијата. siromastija2 Во едно теренско истражување, интервјуиравме мајка од семејство со двајца невработени и издржувани деца. Семејството користеше социјална помош, но децата не одеа на училиште. На прашањето зошто не одат во училиште, мајката со тага објасни: „Се срамат. Кога другарчината јадат, јас немам ниту 10 денари за кифла да им дадам. А, и облеката не е соодветна, зимно време одат со скинати патики, може да се разболат“. Овој одговор ми предизвика бура мисли, за ефективноста на паричната помош, за мултидимензионалните проблеми на семејствата, за можноста да успееш во зависност од „среќата“. За решавање на проблемот со сиромаштија и нееднаквоста, потребни се мерки кои на луѓето ќе им овозможат еднакви можности и кои водат кон долгорочни промени на нивните карактеристики: еднакви можности за образование, здравство, вработливост. Можностите треба да постојат уште од градинка. Така, можноста за пристап до градинка за децата од социјални семејства ќе ги интегрира во образовниот процес уште од најрана возраст, а  на мајката ќе и овозможи слободно време за работа. Бесплатниот оброк во училиште, униформа или облека за училиште, ќе придонесат децата со задоволство ќе посетуваат настава. Прво, нема да се чувствуваат нееднакви. Второ, повисокото образование ги зголемува шансите за искачување на повисока социјална скала и побрзо излегување од сиромаштијата. Дополнително, бесплатни дополнителни обуки, како втор јазик, за децата од ранливи и исклучени семејства ќе пружат еднакви образовни можности, вештини, и едукација која ќе им ги отвори вратите подоцна во животот. Еднакви можности за пристап до здравствени услуги се друга форма на непарични мерки: не само бесплатни услуги за најранливите, туку и редовните посети од здравствени работници, посебно во руралните средини, ќе води кон поздрава нација и попродуктивна работна сила. И на крај, поеднакви можности ќе овозможат мерки за поголема вработливост, како обуки, доедукација, преквалификација и менторство за возрасни-тешко вработливи лица, кои ќе им овозможат поголема самоодржливост. Да не заборавиме, проблемот на сиромаштија е мултидимензионален, и потребни се мултидимензионални мерки за решавањe. http://econmictalks.blogspot.com/2015/06/blog-post_23.html

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта