19 Декември, 2025
0.0798

Не фатил на спортска па ја ограбил обложувалницата

Објавено во: Мои пари 02 Февруари, 2014 13:15

Добивај вести на Viber

43-годишниот стружанец А.Н. ќе одговара кривично поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба на дрзок начин“. Како што соопшти порпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на 28-ми јануари годинава, околу 10 часот и 30 минути, пријавениот од кладилницата „Бетсити Балкан“ во Струга, противправно одзел 40 илјади денари што ги пронашол во касата. - Тоа го направил откако од страна на вработените во спортската кладилница му било кажано дека неговиот спортски тикет е недобитен. Изреволтиран поради тоа, А.Н. кој сметал дека има добитна комбинација, се упатил кај директорот на кладилницата кој, по извршената проверка му соопштил дека се работи за недобитен тикет. Тогаш, А.Н. ја забележал касата, од каде мошне брзо успеал да ги одземе парите и да избега од местото. По кратко време, полициските службеници кај него пронашле и со потврда му одзеле 39.000 денари, изјави Димоски. По дополнително извршените проверки, било констатирано дека спортскиот тикет имал недобитна комбинација

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии