Не фрлајте ги старите телефони-тоа е нов бизнис
Објавено во: Финансии 07 Септември, 2017 15:02
Како што електричните автомобили стануваат дел од сегашноста така се повеќе повеќе компании гледаат добра бизнис шанса во рециклирање на батерии од тие возила.
Уште сега малите литиумски-јонски батерии се во низата уреди, од паметни телефони до електрични четки за заби, вистински рудници со вредни метали и минерали.
Според податоци на консултантската куќа Роскил, само во 2015 година во неискористени литиумски-јонски батерии се наоѓале метали вредни две милијарди долари. Речиси сите тие батерии завршуваат на отпад или лежат неискористени во стари уреди.
Проблемот ќе стане уште поизразен кога употребата на електрични автомобили ќе стане помасовна. Имено, таквите батерии се далеку поголеми, траат од осум до 10 години, а до 2025 година ќе сочинуваат 90 отсто од пазарот на литиумски-јонски батерии.
Проценките на Роскил говорат дека тоа ќе ја зголеми побарувачката за литиум за четири пати, а за кобалт повеќе од два пати. Се работи за два основни метали во производство на литиум-јонски батерии.
Инаку, цената на кобалтот оваа година скокнала 80 отсто. Аџеј Кохар, соосновач и извршен директор на канадскиот стартап “LiCycle”, проценува дека до 2030 година глобално ќе треба да се рециклираат 11 милиони тони литиумјонски батерии.
Но, за да биде профитабилна фирмата, мора да го рециклира речиси целиот материјал кој се наоѓа во батериите. Кохар тврди дека веќе сега може да „извлече“ до 90 отсто од материјали, вклучувајќи литиум, кобалт, бакар и графит.
Проблемот со тој вид на батерија е што не постои стандардизирана постапка на нивно рециклирање. „Секој користи своја сопствена формилација“, истакнува Линда Гејнс, аналитичарка од Американски центар за сообраќајни истражувања.
Дека постапката не е едноставна, говори и примерот на белгиската фирма “Umicore”, која е еден од пионирите за рециклирање на литиумјонски батерии.
“Umicore” со тој бизнис се заниава уште од 2006 година. Фирмата моментално работи на пилот проект за рециклирање на батерии од електрични автомобили како би се подготвила за „значајни количини“ такви батерии во иднина. Сепак, во американската фирма “OnTo Technology” оптимистично гледаат на иднината.„До 2025 година тоа сигурно ќе биде силна индустрија. Во следните три години најважно е да научите како да ја унапредите постапката на рециклажа и тие материјали да ги вратите назад во производство“, вели основачот на фрмата Стив Слуп.
Линда Гејнс смета дека прашањето е колку индустријата на батерии ќе има волја да ги искористи рециклираните материјали. Во тоа може да помогне законската регулатива. Засега само Кина и Европската унија имаат регулатива која бара произведувачите на автмобили да се погрижат за рециклажа на батериите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави





